Црква „Св. Петар и Павле“ - Пазар (православна)
православна црква во Пазар, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Свети Петар и Павле (грчки: Ιερός ναός Αγίων Πέτρου και Παύλου) — православна црква во градот Пазар (Ениџе Вардар), Егејска Македонија. Влегува во состав на Воденско-постолско-мегленската епархија на Цариградската патријаршија.[1][2]
За истоимената католичка црква во градот, видете Црква „Св. Петар и Павле“ - Пазар (католичка).
Remove ads
Местоположба
Црквата се наоѓа во јужниот дел на Кариотското Маало.
Историја
На местото на црквата порано имало медреса. Во 1930-тите медресата се користела како склад за гориво. За време на Втората светска војна Германците ја користеле како затвор, а потоа во неа се сместени сиромашни семејства. во 1950-тите години медресата веќе била урнатина, па затоа е срушена. Во 1962 г. на нејзино место почнала да се гради црква, конечно осветена од митрополитот Калиник Воденски на 1 октомври 1972 г.[3]
Remove ads
Опис
Храмот претставува крстокуполна базилика долга 27 м, широка 18 м и висока 18 м.[1] Покривот е на четири води со ќерамиди. Во северозападиниот дел на црквата има доградена камбанарија.[4]
Фреските се дело на Ставрос Госпудинис, а повеќето преносливи икони ги насликал Димитриос Рицос. Иконостасот е резбан.[1][4]
Поврзано
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads