Црква „Св. Петар и Павле“ - Подмочани
црква во селото Подмочани From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Свети Петар и Павле — нова селска црква во селото Подмочани, Општина Ресен, Македонија.[1]
Remove ads
Местоположба
Црквата е изградена на ридот Подмочанска Горица, од каде се пружа одличен поглед на целото Преспанско Езеро.[2]
Историја
Црквата била подигната со пари од македонски иселеници од Австралија, Америка и од Канада. Најголемиот дел од средствата биле донирани од страна на стопанственикот од Чикаго, Борис Ничев, кој е по потекло од Подмочани.[2]
Архитектура
Целокупната инвестиција на црквата, камбанаријата и самиот Преспански крст изнесувала над двесте илјади евра.[2]
Фрескоживопис
Црквата е целосно фрескоживописана. Живописот бил изведен од страна на Васил Трајковски од Скопје.[2]
Иконостас
Иконостасот во црквата бил изработен од страна на копаничарот Цветан Николовски, а иконите во него се дело на иконописецот Петар Герасимов.[2]
Галерија
- Задниот дел на црквата
- Поглед на црквата
- Плоча во црковниот двор
- Поглед на црквата
- Страничен поглед на црквата
- Фреска на светителите
- Камбанаријата на црквата
- Поглед на црквата
- Поглед на црквата
- Иконостасот на црквата
- Фрескоживописаната купола
- Фрескоживопис
- Владичин стол
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads