Црква „Св. Петка“ - Гостиражни
манастирска црква на Гостирашкиот манастир From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Света Петка – манастирска црква на Гостирашкиот манастир.[1]
Remove ads
Архитектура
Градбата на црквата има правоаголна основа со цилиндричка лимена купола и полукружна апсида на источната страна. Главниот влез на црквата се наоѓа на западната страна, а над него има полукружна ниша со вметната икона на којашто е прикажана Света Петка. Црквата има и спореден влез кој се наоѓа на јужната страна и води до олтарскиот простор. Објектот во целост е обоен во бела боја и е покриен со кров од ќерамиди. Внатрешноста на црквата е живописана, а иконостасот е богат со икони во различна големина.
Камбанаријата на црквата се наоѓа непосредно од левата страна на влезната порта од дворот на манастирот. Таа има квадратна основа и се состои од два дела. Долниот дел е изграден од тули, додека горниот дел е отворен од сите четири страни.
Remove ads
Галерија
- Главниот влез на црквата
- Јужната страна со споредниот влез
- Апсидата
- Куполата
- Внатрешноста на црквата
- Фреска на Исус Христос
- Фреска на Свети Илија
- Камбанаријата
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads