Црква „Св. Петка“ - Маловиште
црква во Маловиште, Битолско From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Св. Петка — црква во битолското село Маловиште. Му припаѓа на Ресенското архијерејско намесништво во Преспанско-пелагониската епархија на МПЦ - ОА.
Црквата е изградена во 1856 година врз темелите на постар храм од XVI – XVII век.[1] Има вреден резбан иконостас од 1892 година, изработен од мајсторот Димитриј и сличен на оној во Бигорскиот манастир. Иконите се од XIX век, исто така дело на познати мајстори.[1][2]
Во храмот има постојана галерија каде се изложени икони од XVI век.[3]
- Икона „Вознесение Христово“
- Икона „Рождество Христово“
- Икони од певницата, дело на Јован Анагност
Remove ads
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads