Црква „Св. Петка“ - Мањак
црква во Мањак, Костурско From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Света Петка (грчки: Αγίας Παρασκευής) — црква во селото Мањак, Костурско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Костурската епархија на Цариградската патријаршија.
Црквата е гробишен храм, сместен на еден километар јужно од селото. Во XIX век чифликот Мањак бил позанат во цело Костурско по лековитиот извор до црквата. Според месните преданија, на нејзино место имало манастир, па оттука селото се нарекува Мањак.
Црковниот собор е на 25 јули по стар стил, кој го посетувале мештаните и жителите на околните села.[1]
Remove ads
Поврзано
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads