Црква „Св. Петка“ - Мечкуевци
црква во селото Мечкуевци From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Света Петка (позната како Света Петка Римска) — манастирска црква во светиниколското село Мечкуевци, Македонија.[1]
Црквата се наоѓа на работ од селото во насока кон соседното село Буриловци.
Remove ads
Местоположба
Црквата е сместена на рамнина под возвишението Градиште. Од 1912 година во близина на црквата се наоѓаат селските гробишта.[2]
Историја
Изградена е во 1925 година, на оддалеченост од 10 метри на темелите на стара црква изградена во 1570 година, која била срушена за време на отоманскиот период. Не е познато кога и од кој архијереј е осветена.[3]
Овој манастир по Втората светска војна започнал да пропаѓа.[2] Според натписната плоча на самата црква, манастирската црква била обновена и осветена на 12 мај 2019 година од страна на митрополитот Брегалнички г. Иларион.
Remove ads
Галерија
- Селските гробишта
- Главниот влез
- Натписна плоча
- Споредниот влез
- Поглед на црквата
- Задниот дел на црквата
- Селска чешма
- Камбанаријата
- Апсидата
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads