Црква „Св. Петка“ - Рапеш

црква во Рапеш, битолско From Wikipedia, the free encyclopedia

Црква „Св. Петка“ - Рапешmap
Remove ads

Св. Петка и св. Димитриј[б 1] – главна селска црква во селото Рапеш.

Повеќе информации Местоположба, Општи податоци ...
Remove ads

Местоположба

Црквата се наоѓа во северниот дел од селото.

Историја

Црквата била изградена во 1860 година, но во 1918 година бил гранатиран и разрушен, па повторно бил изграден во 1919 година.[1]

Архитектура

Градбата на црквата има правоаголна основа со полукружна апсида на источната страна којашто е украсена со слепи ниши. Главниот влез се наоѓа на западната страна, а над него има ниша со фреска во лоша состојба на којашто е претставена Света Петка. Црквата има и спореден влез на јужната страна над којшто има ниша со фреска во лоша состојба на којашто е претставен Свети Димитрија Солунски. Објектот е граден од камен и е покриен со кров од ќерамиди.

Дворот на црквата е ограден со камена ограда и во него се сместени селските гробишта, помошен објект изграден од камен и камбанаријата. Камбанаријата има примитивен облик и претставува метална конструкција од две вкрстени правоаголни шипки во чијашто точка на спојување со синџир е врзано ѕвоното.

Галерија

Поврзано

Белешки

  1. Црквата е посветена на два светци.[1]

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads