Црква „Св. Преображение“ - Гопеш

црква во селото Гопеш From Wikipedia, the free encyclopedia

Црква „Св. Преображение“ - Гопешmap
Remove ads

Свето Преображение (позната и како Свети Сотир) — главна селска црква во битолското село Гопеш, која се наоѓа во самото село.[1]

Повеќе информации Местоположба, Општи податоци ...
Remove ads

Историја

Thumb
Поглед на камбанаријата, конаците и црквата

Пари за црквата се собирале од секаде каде што имало гопешани. Најревносен бил попот Наум, кој од Романија и Украина се вратил со две торби полни со наполеони, но Турците го уапсиле мислејќи дека со парите ќе купува оружје за комитите. Цело село застанало во одбрана на попот, по што битолскиот валија го пуштил. Тогаш биле удрени темелите на црквата „Свето Преображение Христово“, позната и како „Св. Сотир“, оти двата празника се празнуваат во ист ден – на 19 август.[2]

Според записот од фасадата на црквата, тоа било сторено на 28 април 1871 година, а ја градел мајстор Коста од кичевско село Цер. Со работна рака помагале сите жители. А бидејќи немало соодветен материјал во близина, три илјади луѓе направиле повеќекилометарски жив синџир до месноста наречена Дванаесет Kладенци и го пренеле потребниот камен предавајќи го од рака на рака.[2]

Кражба во 2013 г.

Организирана група разбојници ја ограбиле црквата во текот на 2017 година и однеле 50 вредни икони, кои потекнуваат од крајот на XIX век. Крадците влегле од задната страна на црквата, каде скршиле прозорец, а потоа ја пробиле и внатрешната врата.[3] Иконите не се пронајдени до денешен ден.[4]

Remove ads

Архитектура

Црквата е ѕидана со камен, со уникатност во обработката на материјалот и украсување со плитки земјишни облици на самата површина.[4]

На црквата се изградени три куполи, кои се на силен удар на временските непогоди.

Фрескоживопис

Фрескоживописот е дело на Јосиф Радев, ученик на познатиот Дичо Зограф. Црквата била украсена со 90 икони и фрески, кои биле сликани 26 години.[4]

Санација

Во текот на 2017 година, Заводот и музеј од Битола спроведувала санација на куполата и ѕидното сликарство на куполата во црквата. Куполата е на висина од 16 до 18 метри. Освен врз куполата, имало интеревенции и кон јужниот ѕид на црквата, кој се оштетува поради лизгање на земјиштето.[5]

Сепак, состојбата на црквата не била подобрена и на крајот на 2017 година, сѐ уште постоело накривување на јужниот ѕид, оштетувања на куполите, како и одвојување на фрескоживописот од полукружниот свод.[4] Особено алармантна е состојбата со јужниот масивен ѕид изработен од камен, кој со годините е отклонет во горниот дел за околу еден метар.[4]

Последниве две години државата издвоила околу 400.000 денари за санација на црквата, но за целосна обнова потребни се огромни средства.[4]

Галерија

Артефакти изложени во тремот на црквата

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads