Црква „Св. Спас“ - Тодорци
црква во Тодорци, Мегленско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Свети Спас (Вознесение Христово) — преродбеничка црква во селото Тодорци, Мегленско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Воденско-постолско-мегленската епархија на Цариградската патријаршија.[1][2][3]

Црквата е изградена во 1878 г.[1] Претставува трикорабна базилика со отворен трем на југ и запад. Вратите се доста ниски. Камбанаријата е на западната страна. Средниот кораб одвнатре е засводен, а страничните се со рамни тавани. Иконостасот е импресивен.[1] Во црквата има неколку икони од 1778 г. Зографисана е во 1878 г. од Божин Стаменитов (Емануил Стаматијадис) од Пазар.[1][4] Добро зачуван е резбаниот дрвен парапет на женската црква со сцени од химната Акатист, дело на светогорски монах.[1] Иконите во црквата се од солунското гратче Куфалово, со кое Тодорци има стари врски. Црквата била палена од Турците во 1850 и 1875 г.[2][3]
Државата ја прогласила за заштитен споменик на културата на 2 јуни 1986 г.[5]
Remove ads
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads