Црква „Св. Теодор Тирон“ - Кривогаштани
црква во селото Кривогаштани, Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Свети Теодор Тирон (позната и како Свети Тодор) — помала гробишна црква во прилепското село Кривогаштани, Македонија.[1]
Црквата се наоѓа на влезот во селото Кривогаштани од страната на Прилеп, на самиот регионален пат 1306. Околу црквата се наоѓаат гробишта.
Remove ads
Местоположба
Црквата е сместена во селото Кривогаштани.[2]
Историја
Според истражувањето на Јован Трифуноски, црквата била изградена во 1937 година. Претходно на тоа место имало остатоци од стар храм.[2] Според други извори, била изградена во 1936 година, а осветена на 9 март 1968 година од епископот Климент Преспанско-битолски.
Архитектура
Црквата има еднокорабна засводена градба.[3]
Помошниот објект во црквата бил обновен во 2007 година со средства на мештаните.
Галерија
- Помошниот објект
- Апсидата
- Натпис на подот на црквата
- Камбанаријата
- Влезната порта
- Влезот на помошниот објект
- Влезот
- Селски гробишта
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads