Црква „Св. Троица“ - Песодер
манастир во Песодер, Леринско From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Света Троица — (грчки: Μονή Αγίας Τριάδας) — манастирска црква во селото Песодер, Леринско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Леринско-преспанско-еордејската епархија на Цариградската патријаршија.[1]
Песодерскиот манастир се наоѓа на 4 км западно од Песодер, во месноста Икона среде букова шума на планината Баба. Изграден е во 1050 г. За ова сведочи камената плоча поставена во надворешната ниша над јужната врата на храмот. Манастиротт е обновен и црквата го добила денешниот базиликален изглед некаде помеѓу 1600 и 1650 г. кој тогаш бил популарен. За тоа говори фактот што плочата е напишана цифри, а не со букви како што исто така се практикувало во тоа време. Градбата е изградена од фрагменти од византиски тули, а во насипот од северната страна се откриени камени печати.[1]
Во манастирот во 1867 г. седум гркомани ја основале организацијата „Неја филики етерија“. Манастирот бил засолниште на грчки чети за време на грчката вооружена пропаганда во Македонија, и во 1906 г. е уништен од македонски чети.[1] Сè до крајот на отоманската власт останал во рацете на Патријаршијата, под врховенството на Мегленската митрополија.[2]
Во 1974 г. црквата е прогласена за споменик на културата.[3]
Remove ads
Поврзано
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads