Црква „Св. 40 Маченици“ - Смилковци
црква во селото Смилковци From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Свети 40 Маченици во Севастеја — македонска православна црква на брегот на Смилковското Езеро на местото викано Кршиколе или Крст, до заобиколницата на Скопје , подигната во чест на петте млади момчиња што загинале во терористички акт во 2012 година. Црквата е подигната по иницијатива на месните заедници Стајковци, Смилковци, Црешево и Виниче со благослов на господин господин Стефан, Архиепископот Охридски и Македонски.[1]
Црквата во основата е 150 м2 со уреден парк од 6.000 м2, а околу црквата има камбанарија, голем крст, пет видиковци и пет бора во спомен на убиените. Проектот е изработен од градежната фирма Жикол. Темелите биле осветени на 23 февруари 2013 година.
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads