Црква „Св. 40 Севастиски Маченици“ - Банско
археолошко наоѓалиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Средновековната црква во близина на населбата Банско се наоѓа на 1,5 км северно од селото и 1 км западно од асфалтниот пат за Банско[1]
Археолошкото наоѓалиште на новооткриената црква, исто така посветена на светите Четириесет маченици од Севастија, говори дека таа била ѕидана како епископски храм. Во кој временски период оваа црква ја имала ваквата функција треба да покажат понатамошните испитувања. Дали тоа било пред или после подигањето на втората односно на третата Водочка црква, засега не е утврдено.
Поврзаноста на почитувањето на Св. Четириесет Севастиски маченици присутни во живописот на Света Софија во Охрид, и во оштетениот живопис на Водочката црква, коишто датираат од средината на XI век, стилот на градбата и пронајдените предмети во гробниците веднаш до самата црква, даваат одговор за поврзаноста на оваа црква во Банско со Водочките цркви, како и со онаа во Струмица, посветена на Св.Петнаесет Тивериополски свештеномаченици. Но сепак со сигурност се знае дека црквата во Банско не била епископска црква за време на струмичкиот епископ Мануил, којшто живеел во втората половина на XI век. Затоа, може да се претпостави со извесна сигурност дека црквата во Банско најверојатно била подигната во периодот на владеењето на династијата Комнини, кога во Македонија, после падот на Самоиловото царство, повторно се зацврстува византиското влијание и кога се подигнати повеќе значајни сакрални објекти.
Remove ads
Од животот во манастирот
Широките метални порти директно водат во манастирскиот двор. Под сенките на големите дрвја се наѕираат контурите на старото и новото. Манастирот ги прими своите први монаси, коишто дојдоа од Водочкиот манастир на 1 септември 2001 година. За неполни две години се подигнати нови конаци и обновена е малата црква посветена на две светителки со името Параскева: на Преподобната чиишто мошти денес почиваат во Јаш (во Романија) и на Преподобната маченичка Параскева (од Рим). Во просториите на стариот конак малубројното братство започна со одгледување печурки, како единствена можност да организира сопствена економија којашто би ги задоволувала скромните материјални потреби на монашкот живот. Во најтивкиот и најживописниот дел од комплексот е подигнато ново ателје за иконопис.
Remove ads
Поврзано
- Список на археолошки наоѓалишта во Струмичко;
- Бела вода;
- Врелото, депо на монети;
- Градиште, тврдина од доцноантичкото време;
- Дервиш, некропола од доцноантичкото време;
- Каптажа, некропола од хеленистичко време;
- Китка, некропола од хеленистичко време;
- Моноспитовски лозја, некропола од доцноантичкото време;
- Под тврдината Китка, некропола од доцноантичкото време;
- Банско, римска населба;
- Турска бања, терма од доцноантичкото време;
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads