Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Дивље
црква во Дивље, Општина Петровец From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Успение на Пресвета Богородица или Успение Богородичино[1] — главна црква во скопското село Дивље, Општина Петровец. Му припаѓа на Северноскопското архијерејско намесништво во Скопската епархија на МПЦ - ОА. Црквата е сместена во источниот дел на селото. Црквата е прогласена за Споменик на културата.
Remove ads
Историја
Изградена е и живописана во 1603–1604 година според натпис на северниот олтарен ѕид. Обновена е во втората половина на XIX век и одново живописана. Старите фрески се делумно разоткриени во 1958 година. Во олтарниот простор, зад преградата на иконостасот е претставено Видението на Петар Александриски, до чиј натпис е откриена и годината на сликање. Ктиторските портрети се на јужниот ѕид. Нивната облека се разликува од онаа на познатите портрети до XIV век. Облечени се едноставно, без украси. Единствен показател за нивниот статус се капата на мажот и шарената капа на сопругата заедно со големите обетки. Макетата на црквата што ја држат во раце е еднокорабна градба, точно иста како изградената. Зографот ги доловил јасно изразените лични црти, за разлика од фигурите на светците, кои следат предопределена предлошка на претстава.[1]
На 2 октомври 1958 година, со Решението бр. 22 од Централниот завод, црквата добила статус на културно наследство. Статусот на заштитена градба бил обновен на 26 февруари 1968 година, со Решението бр. 27/51 од ГЗЗСК.[2]
Remove ads
Архитектура

Храмот е мала еднокорабна градба со правоаголна основа и цилиндричен свод со калкански покрив, изградена од делкан камен без тули и со мала врата. Внатрешноста е лошо осветена. Конаците се мали, веројатно изградени во XIX век.[1][3]
Во дворот на црквата се наоѓаат камбанаријата, трпезариската градба и неколку гробови.
Галерија
- Поглед од југ, 2011 година
- Поглед од југозапад, 2011 година
- Камбанаријата и трпезариската градба, 2011 година
- Црквата, 2011
- Црквата, 2011
- Поглед од северозапад, 2023 година
- Поглед од југозапад, 2023 година
- Камбанаријата, 2023 година
- Tрпезариjата, 2023 година
- Црквата, 2023 година
- Црквата, 2023 година
- Предната надворешна фреска со Богородица, 2023 година
Поврзано
- Параклис „Св. Петка“
- Параклис „Св. Илија“
- Параклис „Св. Недела“
- Параклис „Пресвета Богородица“
- Северноскопско архијерејско намесништво
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads