Општина Петровец

општина во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Општина Петровецопштина во Скопскиот Регион, во северниот дел на Македонија. Административно средиште на општината е истоименото село.

Кратки факти Општина Петровец, Држава ...
Remove ads

Географија и местоположба

Општината се наоѓа во југоисточниот дел на Скопската Котлина и непосредно припаѓа на долното сливно подрачје помеѓу реката Вардар и реката Пчиња. Во западниот дел, десно се наоѓа рамништето на Скопското Поле, додека на левата страна од реката, покрај нејзината алувијална рамнина спрема отовичкото подрачје, се издига ридско земјиште како просторен дел, познат под името Катлановски Рид.

Низ општината поминуваат магистралниот државен автопат А1, како и регионалниот пат Р1102 кој води од Скопје до Катланово. Тука е сместен и меѓународниот Скопски аеродром.

Remove ads

Историја

1913-1915

Општина Ибраимово за прв пат била основана во 1913 година, за време на Кралството Србија. Населени места во општината биле Ибраимово, Идризово, Јурумлери, Мралино, Огњанци, ’Ржаничино и Ќојлија. Општината била дел од Скопски Срез, Скопски Округ.[2]

1915-1918

Општина Петровец продолжила да постои за време на Царството Бугарија, односно окупацијата во Првата светска војна. Општината територијално останала иста и била дел од Скопската Селска Околија, Скопски Округ.[3]

Кралство СХС/Југославија

За време на новата држава Кралство СХС (подоцна под името Кралство Југославија), Општина Ибраимово (подоцна преименета во Општина Петровец) продолжила да постои во рамки на Скопскиот Срез, и почнувајќи од 1929 година, во Вардарската Бановина. Таа се состоела од населените места: Ибраимово/Петровец, Идризово, Јурумлери, Мралино, Огњанци, ’Ржаничино и Ќојлија.[4][5][6]

1945-1965

Месниот народен одбор Петровец бил основан во 1945 година. Тој бил дел од Маџарската Околија, Скопски Округ, и негови составни населени места биле Огњанци, Петровец, ’Ржаничино и Ќојлија.[7] Во 1947 година, според новата административна поделба, Месниот народен одбор Петровец останал територијално непроменет. Истовремено, МНО Петровец припаднал под новата Скопска Околија.[8] Во 1950 година, според новата административна поделба, Месниот народен одбор Петровец повторно останал територијално ист.[9] Согласно административната поделба од 1952 година, сега со називот, Општина Петровец ги добила селата Идризово, Јурумлери, Кадино и Мралино, на сметка на укинатиот МНО Кадино.[10] Согласно административната поделба од 1955 година, Општина Петровец била проширена на сметка на укинатата Општина Катланово со нејзините села Бадар, Блаце, Брезица, Градманци, Катланово, Кожле, и Летевци. Тогаш, Општина Петовец била проширена и со територијата на укинатата Општина Бунарџик со нејзините населени места Ајватовци, Белимбегово, Бујковци, Бунарџик, Бучинци, Дељадровци, Марино, Миладиновци, Мршевци, и Текија. Истовремено, Општина Петровец ги добила селата Горно Коњари, Дивље, Долно Коњари, Средно Коњари и Сушица, на сметка на укинатата Општина Средно Коњари. Општината го добила и селото Грушино, на сметка на укинатата Општина Синѓелиќ.[11] Според Законот за подрачјата на општините од 1965 година, Општина Петровец била укината и нејзината територија била припоена кон проширената Општина Кале.[12]

1996-до денес

Thumb
Граници на Општина Петровец со селските атари (1996-до денес).

Согласно општинската поделба од 1996 година, Општина Петровец била обновена на сметка на намалената Општина Гази Баба. Нејзини населени места биле Бадар, Блаце, Брезица, Горно Коњари, Градманци, Дивље, Долно Коњари, Катланово, Кожле, Летевци, Огњанци, Петровец, ’Ржаничино, Средно Коњари, Сушица и Ќојлија.[13] Според административната поделба од 2004 година, Општина Петровец останала територијално непроменета.[14]

Remove ads

Население

Според пописот од 1913 година, Општина Ибраимово имала 801 жител, односно вкупното население на Ибраимово, Идризово, Јурумлери, Мралино, Огњанци, ’Ржаничино и Ќојлија.[2]

Според пописот од 1921 година, Општина Ибраимово имала 658 жители. Според верската припадност, 496 биле православни, додека 162 биле муслимани. Според јазичната припадност, 496 биле Срби/Хрвати, 158 биле Турци, додека 4 биле Албанци.[15][б 1]

Според пописот од 1931 година, Општина Петровец имала 1,872 жители, од кои 1,163 биле мажи, а 709 биле жени. Општината се состоела од 234 куќи и 258 домаќинства.[16]

Според пописот од 1948 година, Месен народен одбор Петровец имал 1,779 жители, односно вкупното население на Огњанци, Петровец, ’Ржаничино и Ќојлија. Од таа бројка, 1,229 биле Македонци, 192 биле Срби, 162 биле Албанци, 158 биле Турци, 26 биле Роми, 6 биле Црногорци, 1 бил Словенец, 2 биле Бугари, 2 биле Германци, додека 1 припаднал во графата „останати и непознато“.[17]

Според пописот од 1953 година, Општина Петровец имала 4,463 жители, односно вкупното население на Идризово, Јурумлери, Кадино, Мралино, Огњанци, Петровец, ’Ржаничино и Ќојлија. Од таа бројка, 3,267 биле Македонци, 427 биле Срби, 353 биле Албанци, 255 биле Турци, 116 биле Роми, 17 биле Црногорци, 3 биле Словенци, 1 бил Хрват, 6 биле останати Словени, 18 биле останати несловени.[18][19]

Според пописот од 1961 година, Општина Петровец имала 17,363 жители, односно вкупното население на Ајватовци, Бадар, Белимбегово, Блаце, Брезица, Бујковци, Бунарџик, Бучинци, Горно Коњари, Градманци, Грушино, Дељадровци, Дивље, Долно Коњари, Идризово, Јурумлери, Кадино, Катланово, Кожле, Летевци, Марино, Миладиновци, Мралино, Мршевци, Огњанци, Петровец, ’Ржаничино, Средно Коњари, Сушица, Текија и Ќојлија.

Следува табела според народностите во пописот од 1961 година:[20]

Народност Вкупно
Македонци 12,028
Срби 1,361
Албанци 1,166
Роми 229
Муслимани 108
Црногорци 76
Хрвати 21
Словенци 6
Југословени 38
Останати 2,330

Според пописот од 2002 година, Општина Петровец имала 8,255 жители, односно вкупното население на Бадар, Блаце, Брезица, Горно Коњари, Градманци, Дивље, Долно Коњари, Катланово, Кожле, Летевци, Огњанци, Петровец, ’Ржаничино, Средно Коњари, Сушица и Ќојлија. Општината имала 1,728 мажи и 1,698 жени кои живееле во 2,087 домаќинства и 3,617 станови.[21]

Thumb
Демографска карта на Општина Петровец по населени места, според пописот од 2002 година.

Следува табела според народностите во пописот од 2002 година:[22]

Повеќе информации Народност, Вкупно ...

Следува табела според верската припадност во пописот од 2002 година:[23]

Вероисповед Вкупно
православни 4,652
муслимани 3,564
католици 8
протестанти 0
останати 31

Следува табела според јазиците во пописот од 2002 година:[24]

Јазик Вкупно
македонски 4,320
албански 1,910
турски 72
ромски 115
влашки 0
српски 347
бошњачки 521
останати 970

Според една проценка од 2016 година, Општина Петровец имала 9,089 жители.[25]

Според пописот од 2021 година, Општина Петровец имала 9,150 жители, односно вкупното население на Бадар, Блаце, Брезица, Горно Коњари, Градманци, Дивље, Долно Коњари, Катланово, Кожле, Летевци, Огњанци, Петровец, ’Ржаничино, Средно Коњари, Сушица, Ќојлија и Чифлик. Општината имала 4,613 мажи и 4,537 жени кои живееле во 2,511 домаќинства и 4,136 станови.

Следува табела според народностите во пописот од 2021 година:[26]

Народност Вкупно
Македонци 4,609
Албанци 1,676
Турци 116
Роми 56
Власи 2
Срби 327
Бошњаци 1,701
Други неспомнати 2
Непознато 2
Лица кои податоците се превземени од административни извори 600
Remove ads

Стопанство

Општествени установи

Самоуправа и политика

Градоначалник на општина Петровец е Борче Митевски од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Тој бил повторно избран на локалните избори од 2025 година за петти последователен мандат од четири години.[27]

Согласно одлуката на Владата на Македонија од 27 септември 2024 година, Советот на општината брои 11 члена.[28] Според последните локални избори од 2025 година, членовите на советот според политичката припадност за мандатот 2025-2029 се:

Thumb
  ВМРО-ДПМНЕ: 5 места
  Независни: 2 места
  Демократи: 1 место
  СДСМ: 1 место
  ВРЕДИ: 1 место
  БДС: 1 место
Remove ads

Културни и природни знаменитости

Редовни настани

Личности

Култура и спорт

Иселеништво

Поврзано

Забелешки

  1. Македонскиот јазик и македонскиот народ биле третирани за српски, согласно според српскиот/кралскојугословенскиот државен апарат.

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads