Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Епаноми

црква во Епаноми, Солунско From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Успение на Пресвета Богородица (грчки: Κοιμήσεως Θεοτόκου) — црква во гратчето Епаноми, Солунско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Новочешминско-каламариската епархија на Цариградската патријаршија.

Кратки факти Успение на Пресвета Богородица, Место ...

Во средината на XIX век, при поволните услови по реформите во отоманската држава, христијанската заедница во Епаноми решила да изгради втора црква покрај постоечката „Св. Ѓорѓи“. Според натписот над западниот влез црквата е подигната во 1865 г.[1][2]

Remove ads

Архитектура

Храмот има втор олтар, посветен на Свети Димитрија Солунски. Целината е изградена по архитектонски урнек на „Св. Ѓорѓи“. Претставува трикорабна базилика — архитектонски тип силно распространет во подоцнежните години на отоманското владеење на Балканот. Има димензии од 29 × 14 м. Изграден е од камен, има дрвен покрив првично покриен со камени плочи, а подоцна со европски ќерамиди.[3]

Живопис и иконопис

Кулакиски живопис

Црквата е живописана од Маргарит Ламбу и неговиот братенец Николаос Константину, претставници на Кулакиската школа. Маргаритис е автор една икона на Света Катерина од 1838 г. Николаос ги изработил царските двери (1865), една икона со четворицата евангелисти (1867) и една икона на Архангел Гаврил од жртвеникот (1868).[4]

Дела на Дичо Зограф

Три иконостасни икони во црквата се дело на истакнатиот мијачки мајстор Дичо Зограф — две на Христос Седржител од 1865 г. и една на Успението Богородично од 1866 г. Според епаномецот Спиро Наков/Накев (Спирос Наку), чиј дедо по мајчина линија бил брат на Дичо Зограф, мајсторот отседнал во Епаноми со неговите браќа во 1865 г.[4]

Во црквата има и една икона постара од неа — Богородица на престол од 1825 г, дело на зографот Анастасиос. Не е познато дали е од стариот храм на Епаноми или од друго място.[4]

На крајот на 1995 г. во храмот работел и зографот Панахотис Хаѕоглу, ученик на познатиот уметник Николаос П. Георгијадис. Уметникот се отседнал во Епаноми и ја презел целата црква „Св. Богородица“, како и црквата „Св. Аргириј“. Негово дело се владичкиот престол, амвонот и балдахинот на олтарот.[4]

Remove ads

Галерија

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads