Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Костур
црква во Костур, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Успение на Пресвета Богородица (грчки: Κοιμήσεως Θεοτόκου) — црква во градот Костур, Егејска Македонија. Претставува катедрала на Костурската епархија на Цариградската патријаршија.[1][2]
Црквата е најпрвин изградена во 1857 г.[2] како џамија, позната како Гази џамија.[3] Изѕидана е со прецизно делкан камен, особено во источниот дел.[2] Градбата претставува трикорабна базилика, посветена на Св. Никола и Св. Константин и Елена.[1][2] Откако градот потпаднал под Грција во 1912 г. храмот е претворен во црква.[3]
Во 1916 година, Атанасиос Папастилиадис подигнал импресивна камбанарија на митрополитската црква. Камбанаријата и часовникот се дар на Костурчанецот Трпо Д'мбенски. Таа е висока 19 м, изградена од камен со неокласични елементи на шест спратови во облик на кула.[4]
Во храмот се чуваат вредни предмети од разрушени стари цркви.[1][2] Царските икони се постари од храмот.[2]
Во 1925 г. црквата е прогласена за заштитен споменик на културата.[3]
Remove ads
Икони
- Икона на Свети Спиридон, 1854 г.
- Икона на северниот ѕид
- Икона на Апокалипсата од Теодорос Пулакис
- Икона на Благовештението
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads