Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Лагор

црква во поранешното село Лагор, Костурско From Wikipedia, the free encyclopedia

Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Лагорmap
Remove ads

Успение на Пресвета Богородица (грчки: Κοιμήσεως της Θεοτόκου) — црква кај некогашното село Лагор, Костурско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Костурската епархија на Цариградската патријаршија.[1]

Кратки факти Успение на Пресвета Богородица, Место ...

Селото е возобновено од крајот од XVIII до почетокот на XIX век од влашки овчари дојдени од уништеното Москополе.[1] Црквата е изградена во 1860 г. година врз урнатините на постар храм.[2] Храмот е релативно мал и има три преносливи икони од XVII и XVIII век, веројатно донесени од Москополе. Зачувани се и оригиналниот обичен иконостас и неколку икони од 1853 г., неколку фрески 1875 г. Има и две-три мали икони, дело на народни зографи од средината на XIX век, меѓу кои и имитација на ватопедската икона „Света Богородица Утешителка“.[1]

Remove ads

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads