Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Леуново
црква во селото Леуново From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Леуново — православна црква во мавровското село Леуново, западна Македонија. Црквата е сместена на влезот на селото, покрај патот кој го обиколува Мавровското Езеро.
До црковната зграда во висина од 20 метри е камбанаријата, а самата црква е оградена со ѕид.
Remove ads
Историја
Според одредени мислења црквата потекнува од пред XIV век[1], но точниот датум не се знае.
Во црквата постои Леуновско евангелие кое според водените знаци потекнува од 1537 година.
Сепак, за денешната црква се знае дека е изградена во 1840 година. На црквата работеле претставници на дебарскиот резбарски род Филиповци.
Жителите инвестирале многу во иконостасот и олтарот. Фреските и длаборезот се изработени од Леуновчани. Во Леуново уште од XIV век се јавиле првите зографи. Во поново време леуновчани се грижат и вложуваат труд и средства за одржување на храмот[2].
Најголемата прослава на црквата се одржува секоја година на денот на Успението на Богородица, која се слави и како селска слава на Леуново.[3]
Remove ads
Галерија
- Целосен поглед на црквата од патот
- Поглед на црквата
- Камбанаријата на црквата
- Горниот дел на камбанаријата
- Стари гробови во рамките на дворот
- Поглед на камбанаријата
- Во црквата
- Поглед на црквата и камбанаријата
- Влезот на црквата
- Икона над влезот во црквата
Поврзано
- Гостиварско архијерејско намесништво
- Мавровска парохија
- Леуново
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads