Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Нестрам

црква во Нестрам, Костурско From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Успение на Пресвета Богородица (грчки: Κοιμήσεως της Θεοτόκου) — црква во селото Нестрам, Костурско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Костурската епархија на Цариградската патријаршија.[1]

Кратки факти Успение на Пресвета Богородица, Место ...

Црквата е изградена во 1816 г. на плоштадот во маалото Долнени, денес наречен „Александрос Папатерпос“.[2] Претставува голема трикорабна базилика со импресивна шестаголна четирикатна камбанарија, висока 15 м.[3] Часовникот на камбанаријата е подарок од Танас Станоев, иселеник во Канада.[1]

Храмот е живописан е од истакнатиот месен зограф Аргир Михајлов (1790 - 1850).[1][4] Внатре се чуваат вредни црковни книги од XVIII - XIX век, кои ја проследуваат историјата на селото.[1]

Remove ads

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads