Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Поздивишта

црква во Поздивишта, Костурско From Wikipedia, the free encyclopedia

Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Поздивиштаmap
Remove ads

Успение на Пресвета Богородица (грчки: Παναγίας) — црква во селото Поздивишта, Костурско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Костурската епархија на Цариградската патријаршија. Изворно ѝ припаѓала на Охридската архиепископија.[1][2][3][4][5]

Кратки факти Успение на Пресвета Богородица, Место ...
Remove ads

Историја

Црквата е гробишен храм, сместен на 1 км источно од селото. Првичната црква датира од околу 1700 г.,[1][3] но таа е срушена во 1815 г. и веднаш обновена. Од претходниот храм останале само глинените плочи на подот и округлите основи на дрвените столбови, кои го двоеле наосот на три кораба.[3] Панделис Цамисис пред 1949 г. усепал да го запише ктиторскиот натпис од на поновата црква:

† Ανιστορήθη και εκαλλωπίσθη ο ναός ούτος της εν Αγίοις Δεσποίνης ημών Θεοτόκου και αειπαρθένου Μαρίας, διά συνδρομής και κόπου και εξόδων και δαπάναις του αιδεσιμωτάτου Παπά Ιωάννου και των τιμιωτάτων Δημητρίου, Αγγελή, Τραγιάννη. Εθεμελιώθη διά χειρός Αναστασίου Κωνσταντίνου εκ Μεγαρόβου, 1815.[3]
Превод:

Се живописа и украси овој храм на Светата Владичица наша Богородица и присно Дева Марија со соделувањето, напорите, трошоците и расходите на уважениот поп Јован и чесните Димитар, Ангел, Трајан. Се основа од рацете на Анастас Константин од Магарево, 1815 г.

Црквата е грубо изградена со камења и непечени тули, и од таа причина за време на Граѓанската војна (1946 - 1949) покривот и јужниот ѕид паднале заедно со фреските на нив. На почетокот на XXI век е направен импровизиран покрив за археолошки цели.[3]

Од зачуваните фрески се издвојуваат претставата на Светата Троица во апсидата наместо вообичаената Богородица Поширока од небесата. Ова е веројатно направено под влијание на руските бакрорези кои циркулирале во тоа време.[6]

Remove ads

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads