Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Постолар
црква во Постолар, Кукушко From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Успение на Пресвета Богородица (грчки: Κοιμήσεως της Θεοτόκου) — црква во селото Постолар, Кукушко, Егејска Македонија. Влегува во состав на Полјанско-кукушката епархија на Цариградската патријаршија.
Црквата е изградена во средината на XIX век и се наоѓа во Средното Маало на селото. Претставува трикорабна базилика типична за своето време. Во 1894 г. е изградена посебна камбанарија. Внатре има дрвен иконостас со икони од XIX век.[1] Во храмот има икони на зографот Маргарит Ламбу од погрченото солунско село Кулакија.[2]
Храмот е прогласен за историски споменик на 27 јуни 1987 г.[1]
Remove ads
Поврзано
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads