Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Скребатно
црква во селото Скребатно From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Успение на Пресвета Богородица — главна манастирска црква на Скребатинскиот манастир во охридското село Скребатно.[1]
Remove ads
Местоположба
Црквата се наоѓа на влезот во познатиот Скребатински манастир, сместен високо над селото Скребатно.
Историја
Црквата била значително поправена во 1922 година.[2]
Сепак, по својата градба, архитектура и остатокот од фрески во олтарната апсида, дел од црквата се верува дека потекнува од XVI век, од времето на монахот Кипријан, зограф од Слепченскиот манастир.[3]
Црквата особено пропаднала со иселувањето на скребаштани во 1960-тите години.[4]
Во 2003 и во 2006 година, црквата повторно била значително обновена. Била извршена надградба на црквата со кубе поставено на осмострана основа и сега висината на сводот изнесува 8 метри, а висината на кубето 12 метри. Доградбата била извршена по проект на охридскиот архитект Тодор Паскали.[4]
Во дворот на црквата била подигната камбанарија висока десетина метри по проект на архитектот Драги Танески.[4]
Легенда
Легендата кажува дека селаните сакала да ја изградат црквата подолу, односно во близина на селото. Но, трипати, започнувале да ја ѕидаат црквата, а трипати некој навечер уривал и ги фрлал алатите повисоко.[3]
Remove ads
Архитектура
Градбата на црквата е од кршен камен.[2]
Црковниот двор пред црквата е уреден до калдрма, која потекнува од охридската чаршија.[3]
Фрескоживопис
Црквата поседува фрескоживопис, кој бил изработен во 1929 година од страна на Крсто Николов и син му Рафаил од селото Лазарополе.[2]
Новиот живопис изработуван во 2007 и во 2008 година бил изработен од уметниците Владимир Коцарев и Стефан Кајтез. Поседува сцени од Христовиот живот и ликови од новиот завет. Во долната зона ликовите се претставени во цел раст.[4]
Иконостас
Првиот ред на иконостасот е сочинет од литиски икони. Од левата страна на царските двери е претставен Исус Христос, Св. Јован Крстител, а од десната страна Св. Богородица, Успение на Богородица и Св. Ѓорѓи. Во вториот ред се поставени 13 икони на големите празници и тоа: Св. Никола, Св. Стилјан, Воскресение Христово, Св. Спиридон, Св. Петка, Рождество Христово, Св. Атанасиј, Св. Климент, Крштение Христово, Св. Недела, Св. Илија, Св. Талалеј и Св. Наум. Во третиот ред се поставени 15 икони од кои иконите на 12. апостоли, во средината Св. Троица, а кон нив на краевите се додадени Св. Трифун и Св. Димитрија. Горе иконостасот завршува со големохристијански крст.[4]
Галерија
- Поглед на црквата
- Портата со камбанаријата
- Придружен објект до црквата
- Куполата
- Поглед на црквата
- Апсидата
- Поглед на црквата
- Камбанаријата
- Иконостасот
- Фрескоживописот во куполата
- Припратата
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads