Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Слимница

црква во Слимница, Костурско From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Успение на Пресвета Богородица (грчки: Κοιμήσεως της Θεοτόκου) — црква во селото Слимница, Костурско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Костурската епархија на Цариградската патријаршија.

Кратки факти Успение на Пресвета Богородица, Место ...

Црквата се наоѓа во Горното Маало на Слимница на 2 септември 1843 г. според натписот на влезот. На еден од аголните камења а напишана годината 1908 — веројатно годината на обнова. Селото било под врховенството на Патријаршијата и имало грчки или погрчено попови. Во храмот служеле свештениците Теодорос Цалдикас, Димитрис и Николас.[1]

За време на Граѓанската војна (1946 - 1949) црквата силно настрадала од бомбардирањата на владината армија,[2] и од неа останале само надворешните ѕидови и влезот со иконата на Богородица над него.[1]

Во 1992 г. покрај урнатините од старата црква е направен мал параклис.[1]

Remove ads

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads