Црници
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Црниците или смокви (науч. Moraceae) се фамилија на цветни растенија која состои од 53 родови и околу 1500 видови нашироко распространети во тропските и суптропските региони, а помалку во умерените. Тука припаѓаат некои добро познати растенија, како црницата, белата дудинка, смоквата и украсното собно растение еластичен фикус.
Претставниците од Moraceae се еднодомни или дводомни дрвја, грмушки, лијани или поретко тревести растенија од кои речиси сите поседуваат млечен сок во своите стебла.
Remove ads
Морфологија
Листовите се прости и последователни (поретко наспрамни). Прилисниците се мали и странично распоредени, а понекогаш може да образуваат капа околу пупките, со што оставаат цилиндрична лузна.

Цветовите се еднополови и ситни и најчесто се густо распоредени на растението. Овие густи збирови на цветови обично заземаат форма на реса. Речиси секогаш околуцветникот се состои од 4 до 5 недиференцирани венечни ливчиња, меѓутоа, понекогаш и помалку, а кај некои видови околуцветникот отсуствува. Еден типичен машки цвет е составен од четири прашници, при што секој прашник е спротивен на секое венечно ливче. Женските цветови имаат плодник изграден од два плодни листови, најчесто со две устенца, иако едното од нив понекогаш може да е потиснато. Плодникот е натцветен или потцветен и се состои од еден семенов зачеток сместен во една локула. Плодовите се од типот на костелка и ахенија, при што често се агрегирани во повеќеделен плод.
Remove ads
Систематика
Порано оваа фамилија била класифицирана во веќе непостоечкиот ред Urticales. Скорешните генетски испитувања ја сместуваат оваа фамилија во редот Rosales, кој, пак, е сместен во разгранок (клад) на т.н. уртикалски розиди, во кој се вклучени и фамилиите Ulmaceae, Celtidaceae, Cannabaceae и Urticaceae. Cecropia, вид кој порано бил класифициран во Moraceae, денес е дел од Urticaceae (фамилија на копривата).[1]
Оваа фамилија вклучува 5 племиња: Artocarpeae, Moreae, Dorstenieae, Ficeae и Castilleae. Со исклучок на Moreae, кое е големо и морфолошки разновидно племе со широко географско распространување, другите племиња се монофилетски [2]. Според молекуларните анализи, се покажало дека, спротивно на мислењето дека дводомноста еволуирала од еднодомноста, токму дводомноста е попримитивна кај Moraceae, додека еднодомноста еволуирала во оваа фамилија и до четири пати.[3]

- Список на родови од Moraceae
|
|
Remove ads
Црниците како тема во уметноста и во популарната култура
Црниците се јавуваат како тема во делата од ументоста и популарната култура, како:
- „Под муренката“ (Под дудом) - песна на српскиот поет Владислав Петковиќ - Дис.[4]
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads