Цукемоно

From Wikipedia, the free encyclopedia

Цукемоно
Remove ads

Цукемоно (漬物, буквално „скиселени нешта“) ― јапонски конзервирани зеленчуци (обично скиселени во сол, саламура,[1] ставени во оризови трици).[2] Тие се послужувани со ориз како оказу (споредно јадење), со пијалаци како оцумами (мезе), како придружно или украсен додаток за оброците, и како главно јадење во порцијата кајсеки на јапонската чајна церемонија.

Thumb
Асортиман на цукемона.
Thumb
Избрани цукемона.
Thumb
Јадење цукемоно.
Thumb
Продавница за цукемоно во Нишики Ичиба, Кјото.
Remove ads

Алтернативни имиња

Цукемоната се нарекуваат и кономоно (香の物), ошинко (御新香) или ококо (御香々), сите го носат значењето на „миризливо јадење“ на јапонски.[2] Делот ко (香) во овие имиња буквално значи „миризлив“, а терминот бил користен како нјобо котоба или „женски збор“ за мисо во однос на мирисот. Со текот на времето, овој поим бил применуван и на кисели краставички, повторно заради мирисот. Ошинко (буквално „нов мирис“ во однос на релативната свежина) поконкретно се однесувал на зеленчук што бил само малку кисел и кој сè уште не ја сменил бојата толку многу. Поимот сега се користи и пошироко за да се однесува на кисели краставички воглавно.

Remove ads

Правење на цукемоно

Thumb
Цукемоно ферментирајќи во оризови трици.

За да се направи цукемоно, потребен е сад, сол и нешто за да се изврши надолен притисок врз киселите краставички.[2]

Цукемоноки (漬物器; буквално „сад за киселење“) е јапонска преса за кисели краставички. Притисокот е создаден од тешки камења наречени цукемоно иши (漬物石; буквално „камен за киселење“) со тежина од еден до два килограми, понекогаш и повеќе. Овој тип преса за кисели краставички сè уште се користи и може да се направи од различни материјали, како што се пластика, дрво, стакло или керамика. Пред каменотт да стапи во употреба, притисокот бил вршен со ставање на клин помеѓу рачката на садот и неговиот капак.[2]

Теговите се или камени или метални, со рачка одозгора и често покриени со слој од неутрална пластика за храна. Друг современ тип на преса за кисели краставички обично е направен од пластика, а потребниот притисок се создава со вртење завртка и стегање надолу врз киселите краставички.[2]

Азазуке е метод на киселење што се одликува со кратко време за подготовка.

Повеќе информации Вид, Канџи ...
Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads