Чагос
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Чагос (англиски: Chagos Archipelago, дивехи: ފޯޅަވަހި, хинди: फेहंद्वीप, тамилски: பேகான தீவுகள்) — архипелаг, или група атоли, кои се наоѓаат во Индискиот Океан. Атолите се наоѓаат на гребенот Чагос-Лакшадвип, подводен планински венец.[1] Атолите заедно сочинуваат над 60 засебни тропски островчиња кои се наоѓаат на околу 500 км јужно од Малдивите.
Островите се познати и како Оилски Острови, а во минатото и како Басас де Чагас.[2] Чагос, заедно со Малдивите и Лакшадвип, создаваат екорегион.[3]
Чагос официјално се дел од Британската Индоокеанска Територија, а врз нив полага право и Маврициус бидејќи овој архипелаг бил одделен од Околните острови на Маврициус пред Маврициус да стане независен. Островите биле дом на Чагошаните за околу век и половина сè додека Британците не ги евакуирале нив во раните 1970-ти за да можат Американците да изградат воена база во Диего Гарсија. Така, островите присилно биле напуштени и од 1971, само најголемиот остров (Диего Гарсија) има постојано население, поточно со воен персонал.
Remove ads
Географија
Вкупната површина на островите е 56,13 км2, а најголемиот остров Диего Гарсија има 32,5 км2. Вкупната површина, заедно со лагуните, е 15.000 км2, од кои 12.642 км2 се дел од Големиот Чагошки Плитак.
Remove ads
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads