Архипелаг
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Архипелаг — подрачје со група острови во дадена водна површина кои се сметаат за физиогеографска целина. Поимот потекнува од старогрчките зборови ἄρχι-, „главен“ и πέλαγος „море“),[1] и првично однесувал на Егејското Море.


Познати примери за архипелази се оние на Индонезија, Јапонија, Филипините, Нов Зеланд, Малдивите, Британските Острови, Бахамите, Егејските Острови, Хаваите, Порторико, Канарските Острови, Мадејра и Азорите.
Remove ads
Географски видови
Архипелазите се среќаваат во изолација, обиколени со големи водни површини, или пак во соседство на голема копнена маса. На пример, Шкотска има преку 700 острови кои сочинуваат архипелаг, но највеќето се релативно блиску до брегот.
Честопати архипелазите се од вулканска природа, распоредени како долги островски лакови настани со подвлекување или во тектонски жаришта, но можат да бидат и производ на ерозија, таложење и изгидање на земјиштето. Зависно од нивното географско потекло, островите кои сочинуваат архипелази можат бидат океански острови, континентални откршоци или континентални острови.[2]
Океански острови
Океанските острови се претежно од вулканско потекло и мошне оддалечени од најблискиот континент. Такви примери се Хавајските Острови и Велигденскиот Остров во Тихиот и Амстердам во јужниот Индиски Океан.
Континентални откршоци
Континенталните откршоци се делчиња од копнената маса кои се одвоиле од неа поради тектонските движења. Такви се Фараљонските Острови кај Калифорнија, САД.
Континентални архипелази
Островските групи кои лежат недалеку од континентот се сметаат за континентални кога го делат истиот континентален праг со копното. Пример се островите на Внатрешниот Премин во Британска Колумбија, Канада.
Remove ads
Занимливости
Најголема архипелашка држава на светот по површина и население е Индонезија.[3]
Поврзано
- Островски лак
- Список на архипелази по број на острови
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads