Черниче
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Черниче — село во Горноџумајско, Пиринска Македонија, денес во општината Симитли на Благоевградската област, Бугарија. Населението брои 1.001 жител (2024).
Remove ads
Географија и местоположба
Убавото мало село Черниче е опколено од планини. Се наоѓа во котлината на реката Струма. Веднаш до селото се наоѓа планината Пирин. Други села,што се во близина на селото се Крупник, Полето , Полена и гр.Симитли.
Историја
Во близина на селото, во атарот на Костово Орниште, во 1978-1979 и во 1982 година биле вршени ископувања на некропола од 9-11 век, изградена со антички тули. Биле откриени 31 гроб, а се верува дека друг дел бил уништен пред ископувањето.
Селото е формирано во 1955 година од населено место Черниче, одвоено од селото Крупник.[1]
Стопанство
Селото Черниче има релативно добро развиена економија. Тоа е дом центар за рециклирање на старо железо - Е.Т. „Инвито - Христо Миленков“. Во селото има самопослуги, мини-маркети, кафулиња и други продавници.
Демографија
На табелата е прикажан бројот на населението во Черниче за периодот 1956-2011:
Етнички состав
Број и удел на етничките групи според пописот од 2011 година:
националност | број | % |
Бугари | 995 | 94,76 |
Роми | 46 | 4,38 |
Турци | - | - |
други | - | - |
не се самоопределиле | - | - |
не одговориле | 9 | 0,86 |
Вкупно | 1050 | 100 |
Во селото и околината живеат голем број Македонци, кои од страна на бугарската држава не се признаваат како посебна етничка заедница и голем дел од нив се запишуваат како Бугари.[2]
Remove ads
Општествени установи
Во селото има црква „Св Георги“, градинка и училиште „Св. Кирил и Методиј“.
Редовни настани
Секоја година на христијанскиот празник Духовден се организира средба во селото. На храмовиот празник „Св. Георги“, се организира гозба и фестивал.
Секоја година на 1 јануари селото го изведува ритуалот „Сурва“. Луѓе маскирани во кукери и секакви ликови го обиколуваат целото село за да ги избркаат злите духови и да посакаат мирна и плодна година. На овој ден не се пропушта ниту една куќа, бидејќи жителите и гостите на селото стануваат едно. Прославата продолжува на селскиот плоштад со музика до доцните вечерни часови.
Remove ads
Галерија
- Поглед на селото Черниче
- Црквата „Св. Георги Победоносец“
- Детска градинка во селото
- Парк во селото
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads