Опсада на Кроја (1478)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Четвртата опсада на Кроја од страна на Османлиското Царство против силите на Албанија се случила во 1478 година, по смртта на Скендербег. Градот конечно бил освоен по трите неуспешни обиди на Османлиите. Во текот на четирите опсади, војниците и месното население било преморено од војна, глад и недостаток на средства за повторно да се спротивстави на империјата. Албанските бранители решиле да го предадат градот на Мехмед II, кој им ветил дека никој нема да биде повреден доколку по мирен пат се предаде градот. Сепак, по предавањето на градот, Османлиите не го одржале своето ветување. Голем број на војници биле убиени, жените и децата биле малтретирани.
По една година паднал и Скадар, кој тогаш бил под контрола на Венецијанската Република. По оваа битка следел период на исламизација на Албанија. Албанија во следните 5 векови останала под османлиска власт, кога по Првата светска војна била формирана современата албанска држава.
![]() | Оваа статија историјата е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
Remove ads
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads