Охридски чинар
познато дрво во Охрид From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Охридски чинар (Стар чинар или само Чинарот) — најголемото и едно од најстарите дрва во градот Охрид, позната знаменитост на градот, прогласено за споменик на природата на Македонија.[1]
Тој е од видот чинар (Platanus orientalis).[2] Сместен е на чаршиската улица „Свети Климент Охридски“, на плоштадот „Крушевска Република“ спроти Џељовата магаза.
Remove ads
Историја
Според преданието, чинарот е засаден од Климент Охридски во IX – X век. Според други легенди, чинарот е засаден околу XV век.[2] Во 2012 година во лоши временски услови отцепени се голема гранка и дел од стеблото, по што е извршена делумна заштита. Подоцна во декември истата година дрвото одново настрадало во невреме.[2][3] Во септември 2017 година Советот на Општина Охрид го усвоил проектот за прогласување на Чинарот за споменик на природата и негова заштита.[4]
Remove ads
Поврзано
- Охридска чаршија
- Список на споменици на природата на Македонија
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads