Чинчила

From Wikipedia, the free encyclopedia

Чинчила
Remove ads

Чинчилите ― некое од двата вида (кратноопашестата чинчила и долгоопашестата чинчила) крепускуларни глодачи на малиот ред Caviomorpha. Тие се малку поголеми и поиздадени од копнените верверички, и потекнуваат од Андите во Јужна Америка.[3] Тие живеат во колонии наречени стада на големи височини до 4,270 м. Историски гледано, чинчилите живееле во област што вклучувала делови од Боливија, Перу, Аргентина и Чиле, но денес, колониите во дивината се познати само во Чиле.[4] Заедно со нивните роднини, вискачите, тие го сочинуваат семејството чинчили. Тие се исто така поврзани со чинчилскиот стаорец.

Кратки факти Чинчила, Научна класификација ...

Чиншилата има најгусто крзно од сите цицачи кои живеат на копно. Во водата, морската видра има погусто крзно.[5] Чинчилата е именувана по народот Чинча на Андите, кои некогаш го носеле своето густо крзно, слично на кадифе.[6] До крајот на 19 век, чинчилите станале доста ретки откако ги ловеле за крајно мекото крзно.[7] Повеќето чинчили што во моментов ги користи крзнената индустријата за облека и други додатоци, се одгледувани на фарма.[8] Домашните чинчили кои потекнуваат од C. lanigera понекогаш се чуваат како домашни миленици и може да се сметаат за еден вид на малечко милениче.

Remove ads

Видови

Thumb
Споредба на видовите чинчила.

Двата живи вида на чинчила се краткоопашестата чинчила (порано позната како Chinchilla brevicaudata) и долгоопашестата чинчила.[9] C. chinchilla има пократка опашка, подебел врат и раменици и пократки уши од C. lanigera. Првоспоменатиот вид во моментов се соочува со истребување; второто, иако ретко, може да се најде во дивината.[10] Се смета дека домашните чинчили се од видот на долгоопашестата чинчила.[11]

Remove ads

Распространетост и живеалиште

Thumb
Живеалиште на чинчилата во Андита на Чиле.

Порано, чинчилите ги зафаќале крајбрежните региони, ридовите и планините на Чиле, Перу, Аргентина и Боливија. Преголемата експлоатација предизвикало пад на овие населенија и уште во 1914 година, еден научник тврдел дека видот се упатува кон истребување. Пет години работа на терен (објавена во 2007 година) во покраината Хухуј, Аргентина, не успеал да најде ниту еден примерок. Се сметало дека населението во Чиле исчезнало до 1953 година, но било откриено дека животното живее во област во регионот Антофагаста кон крајот на 1900-тите и раните 2000-ти. Животното може да изумре во Боливија и Перу, иако еден пронајден примерок (во ресторан во Серо де Паско) може да потекнува од домородно население.[4]

Во нивните родни живеалишта, чинчилите живеат во дупки или карпести пукнатини. Тие се агилни скокачи и можат да скокаат до 180 см. Грабливци во дивината вклучуваат птици грабливки, творови, мачки, змии и кучиња. Чинчилите имаат различни одбранбени тактики, вклучувајќи прскање на урина и ослободување крзно доколку бидат каснати.[12] Во дивината, забележано е дека чинчилите јадат лисја од растенија, овошје, семиња и мали инсекти.[10]

Во природата, чинчилите живеат во социјални групи кои личат на колонии, но правилно се нарекуваат стада. Големините на стадото може да се движат од 14 члена до 100, ова е и за социјална интеракција, како и за заштита од грабливци.[13] Тие можат да се размножуваат во кое било време од годината. Нивниот период на бременост е 111 дена, подолг од повеќето глодачи. Поради оваа долга бременост, чинчилите се раѓаат целосно крзно и со отворени очи. Леглата обично е мала по број, претежно две.[14]

Remove ads

Зачувување

Thumb
Краткоопашеста чинчила, класифицирана како „загрозена“ од страна на МСЗП, во Чиле во 2007 година.

И двата вида чинчила моментално се наведени како загрозени од Црвен список на загрозени видови на МСЗП поради сериозна загуба на население приближно на 90% загуба на светското население во последните 15 години. Тешкиот пад на населението е предизвикан од лов на чинчили од страна на луѓе. До 1996 година, тие биле наведени како неопределени на Црвениот список на МСЗП. Во 2006 година, долгоопашестиот подвид бил наведен како ранлив, додека краткоопашестиот подвид бил наведен како критички загрозен. До 2008 година и двете биле наведени како критички загрозени, а во 2016 година биле преквалификувани во загрозени поради ограничено закрепнување во некои области.[15][15]

Улоги кај луѓето

Како домашни миленици

Thumb
Сребреномозаична чинчила.

Домашната чинчила потекнува од долгоопашестата чинчила и повообичаената во дивината откако другиот вид краткоопашеста чинчила била ловена скоро до истребување. Затоа, домашните чинчили имаат потенки тела, подолги опашки и поголеми уши.

Thumb
Чинчила во Зоо Скопје.

Чинчилите се познати домашни миленици, иако имаат потреба од опширно вежбање и стоматолошка заштита,[16] поради забите кои постојано растат во текот на нивниот животен век, и бидејќи немаат можност за потење, потребна е средина контролирана од температурата.[17]

Животните инстинктивно го чистат крзното правејќи бањање со прашина, во кои се тркалаат наоколу во специјална прашина направена од ситна пемза, неколку пати неделно; тие не се капат во вода. Нивното дебело крзно се спротивставува на паразитите, како што се болви, и го намалува лабавиот првут.[18]

Во научните истражувања

Чинчилите се користат во истражувањето од 50-тите години на минатиот век. Од 1970-тите, најголемиот интерес за чинчилите од страна на истражувачите е нивниот систем за слух.[19] Други истражувачки полиња во кои чинчилите се користат како животински модел вклучуваат проучување на чагасовата болест, гастроинтестинални заболувања, пневмонија и листериоза, како и инфекции со јерсинија и псевдомонас.[20]

Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads