Чифлик Маала (Драмско)

село во Драмско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Чифлик Маала (Драмско)map
Remove ads

Чифлик Маала (грчки: Μεσοχώρι, Месохори)[2][3] — село во Општина Бук во Драмски округ, Егејска Македонија, денес во областа Источна Македонија и Тракија, Грција.

Кратки факти Чифлик Маала Μεσοχώρι, Земја ...
Remove ads

Географија и местоположба

Селото се наоѓа на 49 километри источно од градот Драма и на 2 километри западно од центарот на општината, Бук. Селото се наоѓа на надморска височина од 113 метри.

Историја

Селото во текот на XIX век се наоѓало во рамките на Драмската каза, во составот на Отоманското Царство.

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. По потпишувањето на Лозанскиот договор во 1923 година помеѓу Турција и Грција, во селото се населиле грчки бегалци од Анадолија додека муслиманското население ги напуштило своите домови.

Во 1927 година, селото било преименувано во Месохори .[4]

Remove ads

Демографија

До 1928 година во селото биле населени 28 грчки семејства со 137 бегалци од Турција[5]. Во 1928 година селото броело 137 жители, додека во 1940 година селото броело 257 жители. Селото во пописот од 1951 година броело 433 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 260 жители, во 1971 година имало 220 жители, во 1981 година имало 168 жители, додека во 1991 година имало 280 жители[6]. Денеска, населението на селото е 105 жител според пописот од 2011 година.

Преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads