Чифлик (Делчевско)

село во Општина Делчево From Wikipedia, the free encyclopedia

Чифлик (Делчевско)map
Remove ads

Чифлик — село во Општина Делчево, во областа Пијанец, во околината на градот Делчево.

Кратки факти
Remove ads

Географија и местоположба

Селото се наоѓа во областа Пијанец, во средишниот дел на територијата на Општина Делчево, јужно од градот Делчево, на само неколку километри.[2] Селото е ридско, на надморска височина од 640 метри.[2]

Атарот зафаќа простор од 7,4 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 572 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 129 хектари, а на пасиштата 63 хектари.[2]

Историја

Во XIX век, Чифлик било село во рамките на Малешевската каза на Отоманското Царство.

Стопанство

Селото, во основа, има полјоделско-шумарска функција.[2]

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Селото е мало и е населено со македонско население. Така, во 1961 година броело 218 жители, додека во 1994 година бројот се намалил на 68 жители.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Чифлик живееле 51 жител, сите Македонци.[3]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живеел 31 жител, од кои 23 Македонци и 8 лица без податоци.[4]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[6]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[7]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]
Remove ads

Самоуправа и политика

Селото влегува во рамките на Општина Делчево, една од малкуте општини кои не биле изменети со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Делчево.

Во периодот 1950-1952, селото било во рамките на некогашната општина Делчево, во која влегувале градот Делчево и селата Очипала, Полето, Чифлик и Шопје.

Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Делчевска градска општина, во која покрај селото Чифлик се наоѓале градот Делчево и селата Бигла, Ветрен, Габрово, Град, Ѕвегор, Очипала, Полето, Стамер, Турија и Шопје.

Во периодот 1955-1996 година, селото се наоѓало во рамките на општината Делчево.

Избирачко место

Во селото постои избирачко место бр. 0596 според Државната изборна комисија.[10]

На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 56 гласачи.[11]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 49 гласачи.[12]


Remove ads

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads