Чифлик (Тетовско)

село во Општина Желино From Wikipedia, the free encyclopedia

Чифлик (Тетовско)map
Remove ads

Чифлик — село во Општина Желино, во околината на градот Тетово. Според пописот од 2002 година, селото имало население од 1.180 жители.

Кратки факти
Remove ads

Географија и местоположба

Селото се наоѓа во областа Долни Полог. Мерово лежи на горното течение на Суводолица, на северните падини на Сува Гора.

Историја

Според податоците на бугарскиот етнограф Васил К’нчов, селото во 1900 година имало население од 190 муслимани (Албанци).[2] Рускиот публицист Афанасиј Селишчев во 1929 година забележал дека селото било дел од Општина Групчин и имало 40 куќи со 320 жители Албанци.[3]

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

По Балканските војни е забележано со 269 жители.[4]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 300 Албанци.[5]

Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 1.180 жители, од кои 1.176 и 4 останати.[6]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 1.033 жители, од кои 1.023 Албанци и 10 лица без податоци.[7]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]

Самоуправа и политика

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 2095 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[12]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 1.114 гласачи.[13]

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads