Човеков развој
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Човековиот развој претставува концепт во развојната економија.
Опфат
Корените на концептот на човековиот развој потекнуваат од концептот на основните потреби, воведен од Светската банка и Меѓународната организација на трудот. Следниот чекор беше концептот на способностите чиј автор е економистот Амартја Сен, кој заедно со пакистанскиот економист Махбуб ул Хак, се смета за основоположник и на концептот на човековиот развој. Во 1990 година се појави првиот „Извештај за човековиот развој“, изработен од Програмата за развој на Обединетите Нации (United Nations development Programme, UNDP) во кој човековиот развој е дефиниран како процес на зголемување на можностите на човековиот избор во поглед на можностите на човекот да води долг и здрав живот, да биде доволно образован и да има пристоен животен стандард. Исто така, човековиот развој вклучува и други елементи, како: политичката слобода, загарантираните човекови права, сигурноста итн. Според концептот на човековиот развој, основната цел на економскиот развој е подобрувањето на квалитетот на животот на човекот, а тоа подразбира три процеса: порастот на човековите можности (способности), распределбата на придобивкиет од стопанскиот раст и учеството на човекот во стопанскиот раст. На тој начин, човековиот развој може да се опише како развој на луѓето (инвестирање во човечкиот капитал и зголемување на производната способност и креативноста на поединецот), развој за луѓето (рамномерна распределба на доходот и на квалитетот на животот) и развој од луѓето (можност за активно учество на поединецот во сопствениот развој).[1]
Remove ads
Индекс на човеков развој
Индексот на човековиот развој или ИЧР, (англ. Human Development Index или HDI) е нормализирана мерка за животниот век, писменоста, образованието, животниот стандард и БДП. Ова е стандардна мера за благосостојбата, особено за детската благосостојба.
Remove ads
Поврзано
- Индекс на човеков развој
- Светски развој
Надворешни врски
- razvoj.org.mk Архивирано на 25 јуни 2014 г. (македонски)
- Син извештај за Македонија[мртва врска] (македонски)
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads