Човечко срце
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Срце — празен мускулен орган што ја движи крвта во организмот. Срцевиот ѕид е изграден од три слоеви: надворешен (епикард), среден (миокард) и внатрешен (ендокард). Во самото срце постојат крвни садови преку кои се снабдува со хранливи материи и кислород, а ги оддава екскретите и јаглерод диоксидот. Овој систем од крвни садови е познат како срцев крвоток, односно коронарен крвоток.

Remove ads
Срцев циклус
Со секое биење, четирите комори на срцето синхронизирано се олабавуваат и се стегаат така што крвта поминува од двете преткомори во двете комори од соодветната страна и од неа во соодветната артерија, во циклус што се повтотрува непрекинато. Фазата на дилатацијата (олабавување) се нарекува дијастола, а фазата на контракција (стегање) се нарекува систола. На десната страна, преткомората се олабавува и се полни со крвта што доаѓа од празната вена, потоа се стега и ја исфрла содржината во комората, која се полни со крв и на крајот таа се стега за да ја пренесе крвта во белодробните артерии. На левата страна, преткомората се олабавува и се полни со крв што доаѓа од белодробните вени, потоа се стега и ја исфрла содржината во комората која се полни крв, потоа се собира за да ја потисне содржината во аортата.[1]

Remove ads
Срцеви садови
Срцето има сопствен крвоточен систем составен од цела мрежа садови кои го опкружуваат како круна. Двете главни срцеви артерии - левата и десната, почнуваат од аортата и нивните многубројни разгранувања доашаат до сите делови на срцето , носејќи ја крвта богата со кислород. Откако ќе го снабди срцевото ткиво, крвта сиромашна со кислород минува низ мрежа на мали венозни садови кои се спојуваат меѓусебно и создаваат сè поголеми вени кои одат до срцевиот синус, канал кој влегува во десната преткомора.[2]
Remove ads
Срцеви залистоци
Во внатрешноста на срцето крвта има еднонасочно движење, неопходен предуслов за правилно функционирање на органот, а тоа е овозможено преку систем на залистоци (клапи) што овозможуваат преминување на крвта од еден сектор во друг, но спречуваат нејзино враќање назад. меѓу секоја преткомора и секоја комора има преткоморно-коморен залистон: на десната страна има триврвен залисток, наречен така затоа што е составен од три јазичиња; на левата страна има митрален залисток, наречен така затоа што неговиот изглед потсетува на митрата со која некои црковни великодостојници си ја покриваат главата. И меѓу секоја комора и артерија во која се ситиснува крвта има сигмоиден или полумесечински залисток: на десната страна има белодробен залисток, а на левата - аортен залисток.[1]
Срцев автоматизам

Срцевите удари зависат од електричните дразби способни да предизвикаат контракција на влакната на срцевиот мускул и со тоа доаѓа до последователна и синхронизирана контракција на различните делови на срцето. Тие дразби се јавуваат ритмички во посебни делови на срцето и се шират низ целиот орган преку посебни мускулни влакна што го составуваат системот за спроведување на електричниот импулс. Така, иако срцевата активност може да биде под влијание на дразби што доаѓаат од нервниот систем кои го забрзуваат или забавуваат ритамот на отчукувањата, срцето орган кој функционира незвисно.[3]
Remove ads
Нервна контрола на срцето
Иако срцето функционира самостојно, тоа е пврзано со нерви на автономниот нервен систем, делот од централниот нервен систем кој на несвесен начин ја контролира активноста на внатрешните органи. Во срцето доаѓаат нерви кои потекнуваат од два дела од автономниот нервен систем: од симатичкиот систем и од парасиматичкиот нервен систем. Дразбите што ги даваат двата дела се обратни: симатичкиот, кој се активира кога се прави физички напор и при каква било силна емоција, предизвикува зголемување на бројот на ударите на срцето, а парасиматичкиот, кој преовладува кога сме смирени и се одмараме, предизвикува забавување на отчукувањата.[3]
Remove ads
Извор
- Основен атлас по физиологија - Издавач Просветно Дело АД
- Атлас по анатомија - Издавач Просветно Дело АД
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads