Чрчишта (Костурско)
напуштено село во Костурско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Чрчишта (дијалектно: Чрчишча; грчки: Τσάρτσιστα, Царциста) — поранешно село во Костурско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Костур во областа Западна Македонија, Грција.
Оваа статија се однесува на село во Костурско. За истоименото село во Населичко, погл. Чрчишта (Населичко).
Remove ads
Историја
Според Тодор Симовски, Чрчишта било македонско село кое се запустило во урнатини.[1] Според еден грчки извор, некаде пред 1912 г. Чрчишта било село со околу 80 Албанци муслимани.[2] Георги Константинов Бистрицки за истиот период дава податок дека Чрчишта било чифлик со 2 албански муслимански куќи,[3] што е веројатно поточно, односно дека останатите биле работници на чифликот создаден на местото на напуштеното село.
По Првата балканска војна селото е припоено кон Грција. Во 1920-те државата довела грчки доселеници од Мала Азија. Во 1928 г. Чрчишта имало 52 жители (56 според Симовски)[1], од кои 32 биле малоазиски Грци, а 20 Албанци муслимани. По податок од 1932 г. селото имало 3 туѓојазични семејства. На пописот во 1940 г. се забележани 47 жители,[1] а пет години подоцна населението се зголемило на 54.[2]
По 1950 г. жителите постепено почнале да се преселуваат во соседното Добролишта, а во помала мера и берското село Микрогуш.[2] Атарот на Чрчишта потоа е присоединет кон селото Добролишта.
Remove ads
Стопанство
На местото на селото има два склада за зрна, две куќи и кожарско претпријатие.[2]
Поврзано
- Костурска Котлина
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads