Чурилкаровидни

натсемејство инсекти From Wikipedia, the free encyclopedia

Чурилкаровидни
Remove ads

Чурилкаровидните (науч. Curculionidae) се буби од натсемејството Чурилкари. По раст се обично мали, околу 6 мм, а по исхрана се растенојадни. Заради интересниот облик на главата (со голема чурилка), чурилкарите честопати се нарекуваат и „рогати буби“. Постојат над 60.000 видови во рамките на неколку фамилии, но главно во фамилијата Чурилкари. Извесни други буби од поинакви фамилии, иако не многу сродни, сепак го носат истото име.

Кратки факти Чурилкаровидни, Научна класификација ...

Чурилкарите се штетници во полјоделството. Житниот чурилкар (Sitophilus granarius) прави штети на складираното жито. Памучниот чурилкар (Anthonomus grandis) ги напаѓа насадите на памук. Таа полага јајца во незрелите памукови чашки, а потоа младите ја јадат содржината, и потоа излегуваат од чашката.

Чурилкарите честопати се среќаваат во суви прехранбени производи како ореви и семки, житарки и зрнести производи. Во домот, најчесто се среќаваат кога ќе се отвори вреќа со брашно, иако чурилкарот јаде и се размножува без проблем и во овес, јачмен, па дури и во појадочни житарки. Нивното присуство се забележува по тоа што зрнцата на нападнатиот производ се залепени во нишки, како да се фатени во пајажина. Ако бидат изедени, тие можат да предизвикаат инфекција на E. coli и разни други заразни болести, зависно од изхраната на чурилкарот.

Remove ads

Наводи

Галерија

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads