Escherichia coli

From Wikipedia, the free encyclopedia

Escherichia coli
Remove ads

Escherichia coli (обично E. coli; се изговора „ешерихија коли“ и е именувана по Теодор Ешерих, нејзиниот откривач) е Грам негативна бактерија која најчесто се наоѓа во гастроинтестиналниот тракт на топлокрвните животни. Повеќето генетски варијации на E. coli се безопасни, но некои можат да предизвикат сериозно труење со храна кај луѓето и се честа причина за повлекувањето на определени производи од пазарот.[1][2] Безопасните подвидови се дел од човековата флора во гастроинтестиналниот тракт и можат да придонесат за нивните домаќини преку помош при создавањето на витамин К2,[3] или преку спречувањето на создавање на патогени бактерии во дигестивниот систем.[4][5]

Кратки факти Научна класификација, Научен назив ...

E. coli не се секогаш ограничени на дигестивниот систем и нивната способност за преживување низ кратки периоди надвор од телото ги прави идеални индикаторски организми за тестирање на загаденоста на околината преку примероци од фецес.[6][7] Бактеријата исто така може да биде лесно одгледана и нејзиниот генетски материјал е споредбено прост и лесен за манипулација, правејќи ја оваа бактерија еден од најпроучуваните прокариотски организми и се многу важни во полињата на биотехнологијата и микробиологијата. E. coli била откриена од германскиот педијатар и бактериолог Теодор Ешерих во 1885,[6] и е сега класифицирана како дел од Enterobacteriaceae фалимијата од гама-протеобактериите.[8]

Remove ads

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads