Шабла

From Wikipedia, the free encyclopedia

Шаблаmap
Remove ads

Шабла (бугарски: Шабла) — град во Северозападна Бугарија, административен центар на општината Шабла во Добричката Област. Има население од околу 3.115 жители (2022).[1]

Кратки факти Шабла Шабла, Земја ...
Remove ads

Географија и местоположба

Градот се наоѓа во историскиот регион Јужна Добруџа на 70 километри источно од регионалниот центар Добрич и на 24 километри јужно од граничниот премин Дуранкулак со Романија.

Историја

Топонимот Шабла за прв пат се појавил во официјален османлиски документ од 1573 година и за разлика од многу други имиња на населби, до сега не е променет. Основано како чисто турска населба во 16 век во средината на 19 век, тоа е најголемото бугарско село во регионот со градоначалник Бугарин.[2]

Селото имало активно учество во борбите за самостојна бугарска црква, образование и национална слобода. Првата бугарска црква во Шабла била изградена во 1853 година, заедно со ќелијното училиште. По ослободувањето на Бугарија во 1878 година, Шабла станала општински центар.

Во 1913 година, според Букурешкиот мировен договор, Јужна Добруџа била предадена на Романија. Во границите на Бугарија се вратила во 1940 година. Истата година во општината биле сместени илјадници Бугари имигранти од Северна Добруџа.

На 27 август 1969 година Шабла била прогласена за град.

Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads