Шамија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Шамија[1][2] — тенка марама со која жените ја покривале главата или ја прицврстувале косата. Таа најчесто е направена од маркизета. Исто така, шамијата може да биде и украсна капа која се носи вообичаено за време на свечени прилики.


Потекло
Шамиите се составен дел од облеката на муслиманките и под нивното влијание, во времето на турската власт во Србија и Македонија, станале дел и од српските и македонските народни носии. Во многу краишта во Србија и Македонија марамата се носела секојдневно, биле во различни бои и различно украсени, сè во зависност од тоа за која прилика биле носени. Во селските средини и ден денес постарите жени носат марами, вообичаено се во потемни бои со многу цветови. Црната шамија се носи во знак на жалост и обично се носи година дена од смртта на покојникот.
Марамите и денес се многу популарни, но повеќе како моден детал него како задолжителен дел од гардеробата. Се прават од различни материјали, во различни облици и дизајни, а освен на глава се носат и околу вратот.
Remove ads
Поврзано
Наводи
Литература
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads