Шарлаган

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Шарлаган[1][2] (турски: şırlağan)[3] — ладно цедено растително масло. Шарлаганот се добива со процес на пресување и цедење на одредени растенија, сè со цел да се добие масло кое не е рафинирано. Во Македонија во минатото, односно до почетокот на индустрализацијата се користело само ваков вид на масло, односно најмногу масло од мак. Денес во Македонија сè уште има производство на Шарлаган, а најмногу од сончоглед. Ладно цеденото сончогледово масло се произведува по пат на ладно пресување на семето во специјални преси на температура не повисока од 40 °C. Оваа постапка на ладно цедење е едноставен метод на гмечење на семето, без употреба на топлина и хемиски растворувачи (т.е без рафинирање на производот), при што се добива чисто масло во кое се задржани вкусот, аромата и нутритивните вредности на семето. Тоа има жолто-златна боја, но бојата најмногу зависи од својствата на семето. Ова масло има повеќе витамин Е од било кое друго масло, кој е добар антиоксиданс и позитивно влијае врз човечкото тело.[4]

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads