Швет

From Wikipedia, the free encyclopedia

Шветmap
Remove ads

Швет (или службено Швет/Одра; германски: Schwedt) е град во северозападниот дел на сојузната покраина Бранденбург, Германија. Тој е најголем град во округот Укермарк и е сместен на реката Одра, близу границата со Полска.

Кратки факти Земја, Местоположба на градот Швет во рамките на округот Укермарк ...
Remove ads

Преглед

Поранешниот земјоделски град, денес има една од најголемите нафтени рафинерии (PCK Raffinerie GmbH) во Германија, основана во 1958 и поврзана на рускиот нафтовод Дружба и ја поседува најголемата фабрика за целулоза и хартија (UPM) во Европа. Повеќето индустрии биле изградени во текот на Источна Германија во 1960-тите и 1970-тите.

Големи станбени области биле изградени за работниците кои се доселиле во Швет. Околу 9% од становите во градот се изградени во станбени блокови (Plattenbau) кои потекнуваат од тоа време. Како што многу работни места биле изгубени по повторното обединување на Германија и враќањето на пазарна економија, Швет изгубил една четвртина од населението од 1990. Во последните декади, Швет станал пример за уривање на станбените блокови со цел борба против празните станови и урбано распаѓање.

Remove ads

Географија

Швет се наоѓа во источниот дел на историската област Укермарк, кој се протега од реката Одра до реката Хафел. Се наоѓа на самата германско-полска граница, а областа околу градот во 1995 била прогласена за Национален парк Долна долина на Одра. Преку реката и границата, околу 10 километри југоисточно, е полскиот град Хојна (порано познат како Кенигсберг во Нојмарк). Најблиски германски градови се Ангерминде (околу 18 километри западно) и Гарц (18 километри низводно).

Градски единици

Со општинската реформа во 1974, соседното село Хајнерсдорф било припоено кон Швет, а во 1993 и селата Блуменхаген, Гатов и Кунов, потоа Кумеров во 1998, Кривен и Цицен во 2001, Штендел во 2002 и поранешниот град Фираден во 2003. Со површина од 200,12 км², Швет е помеѓу 100. најголемите општини по површина во Германија.

Remove ads

Историја

По големата преселба, областа била населена од Словени. Од 937 натаму, имотите на Словените на западот биле освоени од саксонските сили на маркгрофот Геро и припоени кон Источната саксонска марка, додека земјите источно од Одра биле преземени од померанските племиња под притисок на полските сили на војводата Мишко Први. Саксонската Северна марка била изгубена во Големото словенско востание во 983 и сè до 1147 земјите биле под нивна власт, кога ги освоил саксонскиот гроф Алберт, кои станале предмет на борба помеѓу Маркгрофовијата Бранденбург и Војводството Померанија.

Населбата Швет била првпат спомената во декрет од 1265. Во текот на бранденбуршко-померанскиот конфликт, бранденбуршкиот маркгроф Лудвиг Втори ја предал областа на војводата Барним Трети во 1354. Била повторно освоена од маркгрофот Фридрих Први ви 1434, но на кратко. Во 1481, грофовите од Тирингија ги освоиле имотите и му доделиле градски статус на Швет, како и на соседниот Фираден и ја вовеле реформацијата.

Подемот на Швет пристигнал кон крајот на исчезнувањето на грофовите Хонштајн во 1609 и ужасната Триесетгодишна војна, кога градот бил разрушен неколкупати. Во 1631, кралот Густав Адолф од Шведска кампувал тука пред Битката кај Брајтенфелде, додека шест години подоцна, шведскиот маршал Јохан Банер го запалил градот, откако граѓаните одбиле капитулација.

Во текот на Големата северна војна, Договорот во Швет бил потпишан во градот.

Демографија

Повеќе информации Година, Население ...
Remove ads

Познати луѓе

  • Јерг Хофман пливач
  • Брита Штефен пливачка

Меѓународни односи

Швет е збратимен со:

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads