Шенефелд (Пинеберг)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Шенефелд (германски: Schenefeld) — град во округот Пинеберг, во Шлезвиг-Холштајн, Германија. Се наоѓа на северозападната граница со Хамбург и претставува дел од метрополитенската област Хамбург.
За други истоимени места, погледајте Шенефелд (појаснување).
Remove ads
Географија
Градот Шенефелд е опкружен од југ, југозапад и југоисток од градот Хамбург, додека на северозапад се граничи со градот Пинеберг, а на север и на североисток со општината Халстенбек.
Реката Дипенау поминува низ градот и е прикажана на самиот грб на градот.
Иако Шенефелд припаѓа на покраината Шлезвиг-Холштајн, градот е сообраќајно поврзан со Хамбург. До 1 јули 1993 година, градот го имал заедничкиот поштенски број со Хамбург (2000), додека повикувачкиот број и денес е истиот оној на Хамбург (040). Често, Шенефелд се смета како дел од Хамбург.
Remove ads
Историја
Местото било споменато првпат во 1075 година од страна на Адам Бременски, додека првиот запис за местото се случил во 1256 година. Градските права ги добил на 1 јули 1972 година.
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads