Шеоба

село во Општина Неготино From Wikipedia, the free encyclopedia

Шеобаmap
Remove ads

Шеоба — село во Општина Неготино. Денес нема жители.[2]

Кратки факти
Remove ads

Географија и местоположба

Шеоба се наоѓа во Тиквешијата, на јужното подножје на Конечка Планина (Серта), северно од патот Неготино - Струмица (Р1103). Лежи на надморска височина од 300 м, а атарот зафаќа површина од 15,9 км2.[3]

Историја

Во XIX век Шеоба било турско село во Штипската каза на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. Шех Оба имала 215 жители, сите Турци.[4]

На етничката карта од 1927 г. Леонард Шулце Јена ја покажува Шеоба (Šeoba) како турско село.[5]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 25 до 50 Власи.[6]

Remove ads

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Во првите децении на XX век населението стрмоглаво опаднало, сведувајќи се на 39 лица во 1948 г. Во текот на наредните години во Шеоба останале неколку жители, а во 1961 г. останале само двајца, кои не се изјасниле за нивната етничка припадност.[7] Во текот на 1960-тите селото е сосема напуштено. Според пописот од 2002 година, Шеоба немала ниеден жител.[2] Истото било потврдено и на пописот од 2021 година.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads