Шепсескаре
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Шепсескаре или Шепсескара (египетски „Благородна е душата на Ра“)[15] бил древно египетски фараон, четврт или петти владетел на Петтата династија (2494-2345 п.н.е.) за време на Старото Кралство. Шепсескаре живеел во средината на 25 век п.н.е. и веројатно бил сопственик на незавршена пирамида во Абусир, која била напуштена по неколку недели работа во најраните фази на нејзината изградба.
Според историските извори, традиционално се верувало дека Шепсескаре владеел седум години, по Нефериркаре Какаи, и бил наследен од Неферефре, што го прави четврти владетел на династијата. Тој е најнејасен владетел на оваа династија, а египтологот Мирослав Вернер тврди дека власта на Шепсескаре траела само неколку месеци, по Неферефре. Овој заклучок се заснова врз состојбата и локацијата на недовршената пирамида на Шепсескаре во Абусир, како и на многу мал број артефакти кои му се припишуваат на овој крал.
Односите на Шепсескаре со неговиот претходник и наследник не се познати со сигурност. Вернер смета дека е син на Сахуре и брат на Нефериркаре Какаи, кој кратко го презел престолот по прераната смрт на неговиот претходник и веројатно внук Неферефре. Можеби неочекувано умрел или можеби го изгубил престолот во полза на друг негов внук, идниот фараонот Ниусере Ини. Можноста дека Шепсескаре е краткотраен узурпатор надвор од кралското семејство не може да биде целосно исклучена.
Remove ads
Шепсескаре бил крал на Стар Египет, четврти[16] или петти[3] владетел на Петтата династија. Египет тогаш бил унифициран, со главен град кој се наоѓал во Мемфис.[17] Шепсескаре е најмалку познатиот крал на Петтата династија, бидејќи многу малку артефакти кои датираат од неговото владеење ги имаме денес. Се знае за само два цилиндрични печати на Шепсескаре: еден од бронза, со Хоровото име на Шепсескаре, и бил откриен во урнатините на Мемфис во почетокот на 20 век.[б 2][1] Вториот печат, од непознато потекло, е направен од црн серпент и на него пишува: „Шепсескаре, сакан од боговите, Шепсескаре, сакан од Хатор“.[18][б 3] Покрај овие два печати, единствените преживеани артефакти кои се припишуваат на Шепсескаре се пет фрагменти од печат на глина од Абусир[19][20] и шест други фрагменти откриени во храмот на Пирамидата од Неферефре, исто така во Абусир.[21] [22] Овие фрагменти веројатно доаѓаат од три различни печати и, најверојатно, биле поставени на вратите од собите во храмот.[23]
Единствениот[19] древно египетски кралски список кој го споменува Шепсескаре е Таблата од Сакара (на 28-от ред).[24] Таблата била напишана за време на владеењето на Рамзес II (1279-1213 п.н.е.), околу 1200 години по животот на Шепсескаре, и го содржи династичкиот редослед Неферикаре → Шепсескаре → Неферкаре (варијанта на Неферефре).[25] Шепсескаре го нема воопшто на друг кралски список кој датира од истиот период: списокот Абидос, напишан за време на владеењето на Сети I (1294-1279 п.н.е.). Исто така го нема во Торинскиот канон (од времето на Рамзес II), иако во овој случај лакуната влијае на папирусот на кој е напишан списокот на местото каде што треба да ги има имињата на Шепсескаре и Неферефре.[26][б 4]
Шепсескаре најверојатно се споменува во египетската историја, напишана во 3 век п.н.е. за време на владеењето на Птоломеј II (283-246 п.н.е.) од египетскиот свештеник Манетон. Никакви примероци од тоа дело не се зачувани до денес, а знаеме за него само од подоцнежните списи на Секст Јулиј Африканиј и Евсевиј.
Remove ads
Белешки
- The seal is now in the Cairo Museum under the catalog number JE 45041.
- The seal is now in the G. Mikhailides collection.
Remove ads
Наводи
Библиографија
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads