Сахуре

From Wikipedia, the free encyclopedia

Сахуре
Remove ads

Сахуре (со значење „Оној што е блиску до Ре“, исто така познат на грчки како Сефрис, Σεφρής) бил древноегипетски фараон, втор владетел на Петтата династија, кој владеел околу 12 години во раниот 25 век п.н.е. Сахуре се смета за еден од најважните владетели од Старото Кралство, бидејќи неговото владеење било политичка и културна висока точка на Петтата династија.[20] Веројатно бил син на неговиот претходник Усеркаф со кралицата Неферхетепес II, а го наследил неговиот син Нефериркаре Какаи.

Кратки факти Сахуре, Фараон на Египет ...

За време на владеењето на Сахуре, Египет имал важни трговски врски со брегот на Левант. Сахуре лансирал неколку поморски експедиции во денешен Либан за да набави кедрово дрво, луѓе (можеби робови) и егзотични предмети. Тој, исто така, спровел експедиција во земјата Пунт, која донела големи количества на смирна, малахит и електрум . Сахуре е прикажан како го слави успехот на овој потфат на релјеф во неговиот храм, на кој е прикажан со дрво мирта во градината на неговата дворец, со натпис „Сјајот на Сахуре се искачи на небото“. Овој релјеф е единствен во египетската уметност на кој е прикажано кралско градинарство. Сахуре испратил дополнителни експедиции во рудниците на тиркиз и бакар во Синај. Тој, исто така, можеби наредил воени походи против либиските водачи во Западната пустина, и го вратил добитокот во Египет.

Сахуре изградил пирамида за себе во Абусир, на тој начин напуштајќи ги кралските некрополи во Сакара и Гиза, каде што неговите претходници ги граделе своите пирамиди. Оваа одлука можеби била мотивирана од присуството на сончевиот храм на Усеркаф во Абусир, првиот храм на Петтата династија. Пирамидата на Сахуре е многу помала од пирамидите од претходната Четврта династија, но декорацијата е посложена. Храмот и мртовечница од неговиот пирамидален комплекс некогаш бил украсен со над 10.000 квадратни метри фини релјефи, кои биле познати во антиката. Архитектите на пирамидалниот комплекс на Сахуре користеле столбови чиј капител има форма на палмови лисја, кои потоа станале белег на древната египетска архитектура. Исто така, познато е дека Сахуре изградил сончев храм наречен „Полето на Ра“, и иако не е најден, се претпоставува дека се наоѓа во Абусир.

Remove ads

Семејство

Thumb
Папирус Весткар, кој датира од 17-та династија, но најверојатно прво напишан за време на 12-та династија, го раскажува митот за потеклото на Петтата династија.

Ископувањата на Сахуровата пирамида во Абусир под раководство на Мирослав Вернер и Тарек Ел-Авади во раните 2000-ти години, даваат слика на кралско семејство од почетокот на Петтата династија. Особено, релјефите од насипот што ги поврзуваат храмовите на долината и мочуриштето на пирамидалниот комплекс откриваат дека мајката на Сахуре била кралицата Неферхетепес II.[21] Таа била жена на фараонот Усеркаф, според локацијата на нејзината пирамида веднаш во близина на онаа на Усеркаф,[22] и го носи името на „кралска мајка“.[note 2] [23] Според ова, Усеркаф е татко на Сахуре. Ова дополнително се потврдува со откривањето на картуш на Сахуре во храмот на Усеркаф во Сакара, што укажува на тоа дека Сахуре ја завршил градбата најверојатно започната од неговиот татко.[22]

Ова е во спротивност со постарите, алтернативни теории според кои Сахуре бил син на кралицата Кенткаус I,[24] за која се верувало дека била сопруга на последниот фараон од претходната, 4-та династија, Шепсескаф и брат или на Усеркаф или на Нефериркаре.[note 3] [27] По откритијата на Вернер и Ел-Авади во Абусир оваа теорија сега се смета за застарена.[21]

Познато е дека Сахуре бил наследен од Нефериркаре Какаи,[note 4] за кој се верувало дека е негов брат[28] до 2005 година. Но, таа година, бил откриен релјеф од египтолозите Мирослав Вернер и Тарек Ел-Авади, на кој Сахуре седи пред двајца од неговите синови, Ранефер и Нетјериренре.[29] До името на Ранефер, додаден е текстот „Кралот Нефериркаре Какаи на Горниот и Долниот Египет", што укажува на тоа дека Ранефер е син на Сахуре кој го презел престолот под името „Нефериркаре Какаи“ по смртта на неговиот татко.[21] Со оглед на тоа што на Ранефер и Нетјериренре се запишани како „најстариот син на кралот“, Вернер и Ел-Авади шпекулираат дека можеби биле близнаци, од кои Ранефер бил првороден. Тие предлагаат дека Нетјериренре можеби подоцна го зазел престолот за кратко време под името „Шепсескаре“, иако ова останува да биде само претпоставка.[30] На истиот релјеф понатаму е прикажана и кралицата Меретнебти[31] која најверојатно била сопруга на Сахуре и мајка на Ранефер и Нетјериренре.[32] Другите тројца синови, Хакаре,[33] Хоремсаф,[34] и Небанкре[35] се прикажани на други релјефи од храмот на Сахуре, но идентитетот на нивната мајка е непознат.[16]

Нетјериренре имал неколку религиозни титули кои одговараат на високи позиции во дворот и кои сугерираат дека можеби дејствувал како везир за неговиот татко.[36] Меѓутоа, ова не е сигурно, бидејќи Мишел Бод укажува дека во времето на Сахуре, кралските принцови биле отстранети од везирството.[37]

Remove ads

Владеење

Хронологија

Thumb
Релјеф од храмот на Сахуре, на кој се прикажува египетската флота што се враќа од Сирија.

Релативната хронологија на владеењето на Сахуре е добро воспоставена со историски записи и современи артефакти, покажувајќи дека тој го наследил Усеркаф, а по него владеел Нефериркаре Какаи.[38] Кралскиот список од Торино, запишан за време на 19-та династија (1292 1189 г. п.н.е.), му доделува на Сахуре владеење од десет години, пет месеци и дванаесет дена. Спротивно на тоа, на Каменот од Палермо се запишани неговите втора, трета, петта и шеста година на престолот, како и неговата последна година на владеење, па дури и денот на неговата смрт како 28-ми Шему II (што одговара на крајот на деветтиот месец).[39] [40] Во документот е забележано шест или седум броења на добиток, што би укажало на владеењето од најмалку дванаесет години, ако броењето на добитокот во Старото Кралство се вршело еднаш на секои две години.[41] Ако оваа претпоставка е точна, тогаш значи дека Сахуре починал во 13 година на престолот, и владеењето се сведува на 13 години 5 месеци и 12 дена. Овој број би бил само една година повеќе од дванаесетгодишната фигура за Сахуре од каменот од Торино. Оваа бројка е исто така поблизу до фигурата од 13 години дадена од Манетон во неговата историја на древниот Египет, напишана во 3 век п.н.е.[42][43]

Сахуре се појавува во уште две историски записи: на Кралскиот список од Карнак, направен за време на владеењето на Тутмос III (1479 1425 п.н.е.) и во таблата од Сакара која датира од времето на Рамзес II (1279 1213 п.н.е.).[9] Ниту еден од овие извори не ја дава должината на неговото владеење. Апсолутните датуми на владеењето на Сахуре се неизвесни, но повеќето научници го сметаат во првата половина на 25 век п.н.е.[note 5][9]

Активности надвор од Египет

Thumb
Релјеф на Сахуре од Вади Магхаре.[44][45]

Историските записи и преживеаните артефакти сугерираат дека контактите со странските земји биле многубројни за време на владеењето на Сахуре. Понатаму, овие контакти се чини дека се претежно економски, а не од воена природа. Релјефи од пирамидалниот комплекс покажуваат дека тој поседувал морнарица со чамци долги сто лакти (околу 50 м), од кои некои се прикажани како се враќаат од Либан, натоварени со стебла од скапоцените кедрови дрвја.[19] Други бродови се претставени натоварени со Азијати,[note 6] и возрасни и деца, кои можеби биле робови.[6][9][46] Еден уникатен релјеф прикажува неколку сириски кафеави мечки, веројатно донесени од брегот на Левант од поморска експедиција.

Трговските контакти со Библос сигурно се одржале за време на владеењето на Сахуре и навистина при ископувањата кај храмот на Ваалат-Гебал најдена е алабастерска чинија со името на Сахуре.[9] Постојат уште докази за трговија со поширокиот Левант за време на Петтата династија, преку бројни камени садови на кои е ставен картуш на фараоните од оваа династија, а се откриени во Либан. Конечно, едно парче злато со печат на дрвен престол и со картуш на Сахуре, наводно, е откриено за време на нелегалните ископувања во Турција меѓу поширока збирка позната како "Дораковско богатство".[6][47] Сепак, постоењето на ова богатство денес се негира.[48]

Во последната година од своето владеење, Сахуре ја испратил првата документирана експедиција[49] во легендарната земја Пунт.[50] Се вели дека експедицијата се вратила со 80.000 мери смирна, како и малахит и електрум.[9] Поради ова, Сахуре често се смета за основач на египетската морнарица. Сепак, денес е познато дека претходните египетски кралеви имале и морнарици, особено Куфу, за време на чие владеење се користело најстарото познато пристаниште Вади ал-Јарф, на Црвеното Море.[51] Сепак, релјефите од пирамидалниот комплекс на Сахуре остануваат „првите дефинитивни претстави на морски бродови во Египет“ (Шели Ваксман).[52]

Во последната година од владеењето, Сахуре испратил уште една експедиција во странство, овој пат во рудниците за бакар и тиркиз во Вади Магхарех[44][53] и Вади Карит во Синај, кои биле активни уште од почетокот на Третата династија.[54] Оваа експедиција донела повеќе од 6000 единици бакар во Египет, а исто така произвела два релјефа во Синај, од кои на едната е прикажан Сахуре во традиционалниот чин на поразување Азијати[9] со натписот: Големиот Бог ги удира Азијатите од сите земји.[55]

Воени походи
Thumb
Сребрен цилиндричен печат на кралот Сахуре[5]

Воената кариера на Сахуре е позната првенствено од релјефите од неговиот посмртен комплекс. Очигледно се состоела од походи против Либијците во Западната пустина. Походите донеле добиток, а Сахуре бил прикажан како измачува локални водачи. Каменот од Палермо потврдува некои од овие настани и ги споменува експедициите на Синај и на егзотичната земја Пунт. Меѓутоа, оваа иста сцена од нападот на Либијците се користела двесте години подоцна во посмртниот храм на Пепи II (2284 2184 п.н.е.) и во храмот Тахарка во Кава, изграден околу 1800 години по смртта на Сахуре. Истите имиња се цитирани за локалните водачи. Затоа, постои можност исто така Сахуре да копирал постар цртеж со оваа сцена.[56][57]

Активности во Египет

Поголемиот дел од активностите на Сахуре во Египет, запошани на каменот од Палермо, се религиозни по природа. За време на петтата година од неговото владеење каменот го споменува изработувањето на божествен шлеп, најверојатно во Хелиополис, точната количество на дневни жртви леб и пиво на Ра, Хатор, Некбет и Ваџет, утврдени од кралот, како и подарок на земја на разни храмови.[55]

Сахуре, исто така, го реорганизирал култот кон неговата мајка Неферхетепес II, чиј посмртен комплекс бил изграден од страна на Усеркаф во Сакара.[58] Додал влезен трем со четири столбови во нејзиниот храм, така што влезот повеќе не гледда кон пирамидата на Усеркаф.[58][59]

Археолошките докази сугерираат дека понатамошните градежни активности на Сахуре биле концентрирани во Абусир, каде ја изградил својата пирамида, и најверојатно неговиот храм на сонцето.[60] Овој храм е втор храм на сонцето изграден во Петтата династија, се знае дека постоел благодарение на запис на каменот од Палермо, каде што се нарекува „Секет Ре“, што значи „Полето на Ра.[55] Нови анализи на текстот од каменот од Палермо, изведени во 2018 година од страна на Чешкиот Институт за археологија, овозможија читање на понатамошни записи, кои ја споменуваат токму архитектурата на храмот, како и списоците на донации што ги добил, цврсто утврдувајќи дека е различен од претходниот храм на Сонцето на Усеркаф, Нехенре.[61]

Remove ads

Пирамидален комплекс

Thumb
Уништената пирамида на Сахуре како што се гледа од насипот на пирамидата

Главната пирамида на посмртниот комплекс на Сахуре е пример за напуштањето на идејата за градење пирамиди, во однос на големината и квалитетот. Сепак, придружниот посмртен храм се смета за најсофистициран изграден до тоа време.[9] Со своите многубројни архитектонски иновации, како што е употребата на палмиформни столбови, целокупниот распоред на комплексот на Сахуре послужил како образец за сите посмртни комплекси изградени од владеењето на Сахуре до крајот на Старото Кралство, околу 300 години подоцна.[19]

Thumb
Огромен розе гранит со запишана титулата на Сахуре, од дворот на неговиот посмртен храм.

Наследство

Во Средното Кралство

Thumb
Статуа на Сахуре, направена од страна на Сенусрет I.

На почетокот од периодот на Средното Кралство, на почеток од 12-та династија (1991 1802 година п.н.е.), фараонот Сенусрет I (1971 1926 година п.н.е.) направил статуа на Сахуре. Статуата се наоѓала во храмот во Карнак и веројатно припаѓала на група портрети на починати кралеви.[62][note 7]

Статуата на Сахуре, сега во египетскиот музеј во Каиро (каталог број CG 42004), е направена од црн гранит и е висока 50 см. Сахуре е прикажан седнат на престол, облечен во здолниште и со кадрава перика. Двете страни на престолот носат натписи кои ја идентификуваат статуата како портрет на Сахуре направен според наредбите на Сенусрет I.[64]

Друг показател дека Сахуре го паметеле за време на Средното Кралство е Папирусот Весткар, кој бил напишан за време на 12-та династија. Папирусот ја раскажува митската приказна за потеклото на Петтата династија, презентирајќи ги кралевите Усеркаф, Сахуре и нефериркаре Какаи како тројца браќа, синови на Ра и жена по име Редеџет.[26]

Во Новото Кралство и подоцна

Како покоен крал, Сахуре продолжил да прима религиозни придонеси за време на Новото Царство. Ова е најдобро потврдено од Кралскиот список од Карнак, список на предци впишани на ѕидовите на храм во Карнак за време на владеењето на Тутмос III од 18-та династија. За разлика од другите антички египетски кралски списоци, овде кралевите не се наведени по хронолошки редослед. Тоа е затоа што целта на списокот била чисто религиозна, а не историска: нејзината цел била да се именуваат починатите кралеви кои треба да се почитуваат во храмот Карнак.[62]

За време на 19-та династија, принцот Каемвасет, син на Рамзес II, презел реставраторски работи низ Египет на пирамиди и храмови кои пропаѓале. Натписите на камени облоги од пирамидата на Сахуре покажуваат дека таа била обновена во тоа време.[65][66] Ова е веројатно затоа што, од средината на 18-та династија па наваму, посмртниот храм на Сахуре служел како светилиште за божицата Секмет.[67] Во вториот дел од 18-та династија и за време на 19-та династија, бројни посетители оставиле натписи,[68] стели и статуи во храмот. Се чини дека активностите продолжиле на местото долго време, како што се гледа од графитите кои датираат од 26-та династија (664 525 п.н.е.) до периодот на Птоломеј (332 30 п.н.е.).[65][69]

Remove ads

Белешки

  1. Proposed dates for the reign of Sahure: 25062492 BC,[4] 24962483 BC,[5] 24912477 BC,[6] 24872475 BC,[7][8][9][10] 24712458 BC,[11] 24582446 BC,[1][12] 24282416 BC,[13]
  2. Ancient Egyptian Mwt-Nswt.[23]
  3. In a version of this theory, Khentkawes possibly remarried Userkaf after the death of her first husband[25] and became the mother of Sahure and his successor on the throne Neferirkare Kakai.[7] This theory is based on the fact that Khentkawes is known to have borne the title of mwt nswt bity nswt bity, which could be translated as "mother of two kings". Additionally, a story from the Westcar Papyrus tells of a magician foretelling Khufu of the future demise of his lineage as three brothers will be born of the god Ra and a woman named Rededjet and reign successively as the first three kings of the Fifth Dynasty.[26] Some egyptologists have therefore proposed that Khentkawes was the mother of Sahure and the historical figure on which Rededjet is based. Following the discoveries of Verner and El-Awady in Abusir this theory was abandoned and the real role of Khentkawes remains difficult to ascertain. This is in part because the translation of her title is problematic and because the details of the transition from the 4th to the Fifth Dynasty are not yet clear. In particular, an ephemeral pharaoh Djedefptah may have ruled between Shepseskaf and Userkaf.[25]
  4. The first pharaoh to have a throne name, called the prenomen, different from his birth name, called the nomen
  5. Proposed dates for the reign of Sahure: 25062492 BC,[4] 24962483 BC,[5] 24912477 BC,[6] 24872475 BC,[7][8][9][10] 24712458 BC,[11] 24582446 BC,[1][12] 24282416 BC,[13]
  6. In the context of Egyptology, the term "Asiatics" is used to refer to people from the Levant, including Canaan, modern day Lebanon and the southern coast of modern day Turkey.
  7. Another statue from this group is that of Intef the Elder.[63]
Remove ads

Наводи

Библиографија

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads