Шеќерен летач

From Wikipedia, the free encyclopedia

Шеќерен летач
Remove ads


Шеќерен летач (науч. Petaurus breviceps) — вид мали летачки посуми од родот вистински летечки торбари (Petaurus) на семејството летечки торбари (Petauridae). Потекнуваат од источното и северното австралиско крајбрежје, како и од Нова Гвинеја и Бизмарковиот Архипелаг.

Thumb
Младенче на шеќерен летач
Кратки факти Шеќерен летач, Заштитен статус ...
Remove ads

Живеалишта

Лесно може да се најдат во секоја шума, каде ги има нивните извори на храна, но особено се чести во евкалиптните шуми. Тие се ноќни животни и го преспиваат најголемиот дел од денот во своите гнезда. Се прехрануваат преку лов на инсекти и ситни `рбетници или преку пиење на сокот од различни растенија.

Како Миленици

Насeкaде низ светот, а во последните години и во Македонија шеќерните летачи стануваат популарни како домашни миленици, поради која причина тие се едни од најчесто нелегално препродаваните диви животни. Легалната продажба на шеќерните летачи предвидува нивно размножување во заробеништво, додека нелегалните трговци ги фаќаат дирекно во дивината, од нивните живеалишта.

Во Австралија е дозволено нивно одгледување во сите територии, додека тие се најпопуларни миленици во САД, каде во последните години се отвораат големи фарми за размножување на шеќерни летачи. Единствените држави во склоп на САД кои го забрануваат нивното одгледување се Калифорнија, Хаваи, Масачусетс, Алјаска и Пенсилванија.

Бидејќи се релативно нов вид на миленици, како и доста егзотични животни, постојат многу контроверзии поврзани со нивното однесување. Сепак, ретко кои од тие митови се точни и објективни.

Remove ads
Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads