Бизмарков Архипелаг
архипелаг северно од Нова Гвинеја From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Бизмарков Архипелаг (англиски: Bismarck Archipelago) — островска група североисточно од Нова Гвинеја, во западниот дел на Тихиот Океан. Управно влегува во состав на Островскиот Регион на Папуа Нова Гвинеја. Зафаќа површина од околу 50.000 км2.
Remove ads
Историја
Првите жители на архипелагот се доселиле некаде пред 33.000 години од Нова Гвинеја, или со пловила преку Бизмарковото Море или преку привремен копнен мост создаден со подигање на Земјината кора. Подоцна се доселиле и други, како народот Лапита.
Првиот европееецa што ги посетил овие острови бил холандскиот истражувач Вилем Схаутен во 1616 г.[1][2] Островите останале ненаселени од Европејци сè до нивното припојување како дел од протекторатот Германска Нова Гвинеја во 1884 г. Областа е наречена во чест на германскиот канцеларот Ото фон Бизмарк.
На 13 март 1888 г. на островот Ритер избувнал вулкан и предизвикал мегацунами. Речиси целата вулканска планина паднала во океанот и од неа останало само мало кратерско езеро.[3]
Во 1914 г. со почетокот на Првата светска војна, Австралиските поморски и воени експедициски сили го зазеле островот и Австралија подоцна ги добила од Лигата на народите како нејзина мандатна територија. Австралиско владение сè до независноста на Папуа Нова Гвинеја во 1975 г. со исклучок на јапонската окупација за време Втората светска војна.
Remove ads
Географија
Архипелагот опфаќа претежно вулкански острови и се протега на површина од 49.700 км2 во состав на Бизмарковото Море. Во тектонска смисла, сместен е на севернобизмарковата, манушката и јужнобизмарковата плоча.
Ова е список на острови во архипелагот, подредени по покраини:

- покраина Манус (погл. 9 на картата)
- Адмиралитетски Острови, во чиј состав се 18 острови:
- Балуан
- Голема Ндрова или само Ндрвоа
- Лос Негрос
- Лоу
- Манус (главен остров)
- Пак
- Пердиеви Острови
- Рамбутјо
- Светиандреини Острови
- Тонг
- Западни Острови, со:
- Ауа
- Вувулу
- островите Канит (Анкорит)
- Сае
- острови Ниниго
- Пустинички Острови
- Адмиралитетски Острови, во чиј состав се 18 острови:

- покраина Нова Ирска (12)
- Дјаул
- острови Лихир
- Нова Ирска или Њу Ајлан (главен остров)
- Нов Хановер или Лавонгај
- Светиматееви Острови
- острови Табар
- Танга
- острови Фени
- покраина Источна Нова Британија (4)
- Нова Британија или Њу Бритен (главен остров)
- Острови на Војводата од Јорк
- покраина Западна Нова Британија (18)
- Нова Британија или Њу Бритен (главен остров)
- Виту

- покраина Моробе (11)
- Ритер
- Сакар
- Малај
- Толокива
- Туам
- Умбој
- покраина Маданг (8)
- Багабаг
- Долг Остров
- Каркар
- Крунски Остров
- Манам
- покраина Источен Сепик (5)
- Схаутенови Острови
Морскиот премин помеѓу Нова Британија и Нова Ирска се нарекува Светигеоргиев Проток според Светигеоргиевиот Проток помеѓу Британија и Ирска.
Remove ads
Поврзано
Наводи
Библиографија
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads